Што му направил таткото Русин на својот најдобар другар, кога дознал дека е педофил кој ја злоставувал неговата 6 годишна ќерка

Блиското пријателство помеѓу овие двајца пријатели се распаднало кога таткото Матросов (35) пронашол болна снимка на мобилниот на својот пријател Свидиров (32), на која се гледа како Свиридов ја тера неговата ќерка да изврши сексуален чин врз него.

Девојката, која сега има девет години, се слуша како моли: „Олег, доста е, не можам повеќе да издржам. Јас сакам да одам дома“.

Свиридов повеќе пати сексуално ја злоставувал ќерката на Матросов, тогаш на возраст од шест години.

 

 

Вознемирениот татко се одлучил да се одмазди на неговиот најдобар пријател, со тоа што го принудил сам да си го ископа гробот и да се самоубие. Инспекторите заклучија дека Свиридов си го одзел животот за време на тепачката и расправија во шумата со Матросов кој јасно го покажал својот бес поради сексуалната злоупотреба.

Слава Матросов беше затворен на 18 месеци, но сега му е дозволено да си оди дома, една година порано. Во Русија имаше бран на сочувство за таткото кој го принудил сексуалниот насилник на деца Олег Свиридов (32) да си го ископа гробот во шума.

Откако бил предвремено пуштен таткото објавил слика со сопругата Наталија (35) со зборовите: „Дома. Многу љубов“.

 

Матросов првично бил приведен под сомнение за убиство, но тоа предизвика јавно негодување во Русија. Во април тој бил осуден за „поттикнување“ на својот пријател „на самоубиство“ од Судот Красноглински во Самара и осуден на 18 месеци во строга руска казнена колонија.

Матросов, поранешен работник во фабрика за ракетни мотори, можел да биде осуден на 15 години затвор доколку беше обвинет за убиство. Во Самарскиот регион имаше бран на поддршка од јавноста за Матросов, откако тој беше поврзан со убиството на педофилот Свиридов, а случајот беше истакнат ширум светот.

 

 

Мештаните во селото Прибрежнаја собрале пари за неговите првични правни такси. Петицијата потпишана од 2.500 луѓе барала тој да биде целосно ослободен. Тие го поддржаа што „ги спаси нашите деца со тоа што не ослободи од дете сексуален напаѓач“.

Матросов на крајот бил обвинет за „поттикнување лице на самоубиство… со закани или злоупотреба“.

Извори блиски до случајот велат дека деталните форензички докази покажале дека Матросов не го избодел Свиридов во шума каде што телото на мртвиот подоцна било пронајдено во импровизираната гробница. Постојат тврдења дека на Свиридов му бил даден ултиматум да оди во полиција и да признае дека сексуално го злоставувал девојчето или да се соочи со гневот на таткото.

 

Еден роднина рече дека Свиридов бил виден тешко претепан на денот кога исчезнал во септември 2021 година, повеќе од една недела пред неговото тело да биде пронајдено во импровизираната гробница во близина на селото Винтаи. Се стравува дека уште две деца биле малтретирани од Свиридов.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Dimche напиша:

    Samo taka so pedofilite i kastracija

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *