Ако погледот можеше да убие! „Шефот за цензура“ на Твитер, што му даде доживотна забрана на Трамп, го убива со поглед Илон Маск еден ден пред да биде отпуштена
Само еден ден пред да биде отпуштена од Илон Маск, адвокатката на Твитер, Вијаја Гад, беше фотографирана како луто гледа во нејзиниот нов шеф во непријатна средба со другите вработени во кафе барот HQ.
Гад, која нашироко се смета за „глава на цензурата“ на Твитер, беше гласна во критиките кон Маск, таа плачеше за време на состанокот во април, откако тој првпат ги објави плановите за купување на компанијата. Таа беше добро познат донатор на демократите и стоеше зад одлуката да се укинат врските со приказната на „New York Post“ за инкриминирачкиот лаптоп на Хантер Бајден пред изборите во 2020 година. Маск јавно ја критикуваше за одлуката.

Во седата, таа беше забележана со Маск и други во кафе барот во седиштето на Твитер. Следниот ден, таа беше отпуштена заедно со извршниот директор Параг Агравал и финансискиот директор Нед Сегал. Но, таа си заминува со значителна исплата – вкупно 72 милиони долари во акции што ги поседувала, плата и бенефиции и акции што сè уште не биле доделени кога била на нејзината позиција, но кои сега се исплатени како дел од договорот.
Петокот, исто така, го одбележа враќањето на пријателот на Маск, Канје Вест, на Твитер, откако проблематичниот рапер беше суспендиран од платформата по серијата антисемитски извици на социјалните мрежи.

Коментирај анонимно