Од „празна и истрошена“ жена, до атракција на „Тиндер“! Жена доживува неверојатна трансформација, откако се разведува од мажот ѝ по 18 години брак
Една мајка ја покажува својата неверојатна трансформација по разводот.
Ема Шепард (42) од Блекпул, се разделила од сопругот со кој била во брак 18 години, во 2020 година, поради што се чувствувала „безвредно“ после тоа. Таа вели дека нејзиниот зафатен живот како сопруга ја оставил несреќна – и со себе и со нејзиниот изглед.

Но, две години подоцна, Ема вели дека „лебди во воздух“ и го променила својот живот за 180 степени.
Мајката на две деца започнала да вежба во теретана и ја отфрлила нездравата храна – наместо тоа јадела здрави оброци што ги готвела дома. Исто така, почнала повторно да излегува и направила профил на „Тиндер“.

„Се чувствувам неверојатно и како убавината да доаѓа одвнатре. Тоа е како да лебдите по воздух. Порано секогаш работев напорно и се грижев за сите други. Но, еден ден откако се разделивме, сфатив дека е мој ред. Изгледав старо празно и исцедено, но сега го живеам мојот најдобар живот. Среќна сум и изгледам сосема поинаку“.
Ема се омажила во 2000 година, на 22 години. Но, врската почнала да се распаѓа пред неколку години и нејзиниот сопруг потоа се иселил од дома во јануари 2021 година, а разводот бил финализиран во октомври истата година.


„Беше навистина лошо откако тој замина, навистина ме скрши. Се чувствував безвредно – имав напади на паника“, признава таа. „Немав доверба во себе и бев толку изолирана. Само постоев, работев за да ги платам сметките и толку. Еден ден се разбудив и си помислив: „Ти доаѓаш од семејство на силни жени, слободна си и можеш да направиш разлика во твојот живот. Сфатив дека можам да бидам многу повеќе. Тоа беше како сила од некој што ме чува“.

Најпрво ја променила својата гардероба, заменувајќи ги вообичаените црни панталони за здолништа, потпетици и јакни и палта во светли бои“.
Таа, исто така, почнала да носи црвен кармин за прв пат, а својата навика за пушење 20 цигари дневно ја намалила на само четири. Таа земала дополнителна работа две ноќи во коктел бар и почнала да оди во теретана и да вежба со тегови.


„Сега сè за мене е сосема поинаку. Луѓето велат дека изгледам неверојатно во споредба со порано, и мислам дека тоа е затоа што сум многу среќен одвнатре. Најчудно е што навистина верував дека сум среќна кога се венчавме. Сега само се смеам цело време. И ова е само почеток“.
Ема сè уште нема нов партнер, но бара љубов на „Тиндер“.

Коментирај анонимно