Од сопернички за круната до љубовнички: „Мис Аргентина“ и „Мис Порторико“ ја шокираа јавноста откако ја објавила својата СВРШУВАЧКА, по две години тајна врска!

„Мис Аргентина“ Маријана Варела и „Мис Порторико“ Фабиола Валентин го објавија својот неочекуван за публиката брак, преку објава на „Инстаграм“, откако ја чуваа во тајност својата врска цели две години. И додека сите се опседнати со прекрасниот пар, многумина умираат да ги дознаат деталите за тоа како тие две создале љубовна приказна за во книга.

 

 

Од сопернички до љубовници, Маријана (26) и Фабиола (22) се запознале за време на натпреварот за „Мис Гранд Интернационал 2020 година“ кадешто и двете завршија во првите десет.

И според нивната објава на „Инстаграм“ во која го објавија нивниот брак и врска, двете девојки ја чувале својата врска во тајност две години, што значи дека летале искри додека убавиците на натпреварот се бореле за круната.

 

 

Двојката често ги задеваше обожавателите со слики на кои се стуткани една на друга, додека на светот му кажуваа дека се само „пријатели“.

Љубовната приказна на Маријана и Фабиола започнала на изборот за убавина Мис Гранд Интернационал во 2020 година, каде што двете ги претставуваа нивните земји.

И Маријана и Фабиола се познати по својот прекрасен изглед – и на натпреварувачката сцена и на социјалните мрежи – и иако со сигурност знаат како да ја размрдаат публиката, тие две се исто така се мајстори во освојувањето на неколку крунски титули.

Маријана, од Буенос Аирес, Аргентина , може да се пофали со 138.000 следбеници на нејзиниот „Инстаграм“, каде што го покажува своето тело и разните одмори.

 

Манекенката присуствувала на повеќе натпревари за убавина, па дури била прогласена за „Мис Универзум“ на Аргентина во 2019 година и за „Мис Гранд“ Аргентина следната година.

На натпреварот „Мис Гранд Интернационал“ во 2020 година – каде што двете девојки првпат почувствувале искри, Маријана била ставена во првите десет заедно со нејзината љубовница Фабиола.

Во 2020 година, Фабиола била назначена за „Мис Гранд“ Порторико и освен тоа што влегла во првите 10 исто така, ја пронашла и својата љубов.

И покрај тоа што не победија на натпреварот и двете ги освоија срцата на публиката. Кога двете заедно се нашле во првите десет, тие наводно се заљубиле една во друга за време на „завршното шоу“.

Во завршното шоу натпреварувачките ги прикажуваат своите уникатни вештини, изведуваат танц, држат говор, па дури и учествуваат во „сесии за блиски интервјуа“, на кои претседателот на „Мис Гранд Интернационал“ им поставува прашања на натпреварувачките за нив и нивни ставови.

На парот му се допаднало тајно да се забавува, па како точно ја чувале својата врска скриена од очите на јавноста толку време?

Откако завршил натпреварот за „Мис Гранд Интернационал“, тие двете често објавуваа на социјалните мрежи, честопати кажувајќи му на светот дека се само „пријатели“.

И додека тие никогаш не ги потврдиле деталите за нивната врска и не е јасно кога точно тие двете почнале да се забавуваат, парот постојано објавуваше заеднички слики на нивните профили на „Инстаграм“, дури и велејќи дека се „благословени“ што се во животот една на друга.

Фабиола беше првата што објави за врската, велејќи: „Еден од најголемите подароци во мојот живот е нашето пријателство. Ми недостигаш, моја девојко“.

Двојката продолжи едноставно да навестува за нивната врска додека објавуваа за нивното „пријателство“.

Во август 2021 година, Фабиола ѝ упати срдечна честитка на нејзината сегашна сопруга, за нејзиниот роденден, тврдејќи дека се надева дека ќе го задржи нивното „пријателство засекогаш“.

 

И колку и да се трудеа да ја задржат својата врска приватна, објавите продолжија да стануваат сѐ повеќе и повеќе сугестивни дека нешто се случува зад затворени врати. Неколку месеци по нејзината трогателна роденденска објава, Фабиола на својот „Инстаграм“ објави слика од двете најдобри пријателки кои станале љубовници.

Во декември 2021 година, Маријана дури отпатувала во родниот град на Фабиола, во Порторико и ја посетила Фабиола и нејзиното семејство.

На видеото, кое собра преку 2,1 милион прегледи, кадешто тие го објавуваат нивниот брак, напишаа: „Откако решивме да ја задржиме нашата врска приватна, ви ги отвораме вратите на посебен ден“, тие потоа споделија слики од магичната ноќ на нивната свршувачка.

Еден следбеник напиша: „Омг! Честитки сестри! Љубов љубов љубов!’

Друг додаде: „Честитки!! бидете благословени!”

Аргентина ги легализираше истополовите бракови во 2010 година, а Порторико исто така ги легализираше во 2015 година.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *