Жена неочекувано се породила сама во такси, 5 минути откако ја напуштила болницата. Породувањето било шок, но поголемото изненадување е она што следувало потоа…
Жена која ја родила својата ќерка во задниот дел на такси, тврди дека останала запрепастена кога компанијата за такси и испратила сметка за чистење од 65 евра.
Фара Каканиндин (26) која самошто ја напуштила болницата за рутинска проверка за нејзината бременост, кога неочекувано ја родила ќерка си во такси од болницата до дома, во Бакингемшир.

Зачудувачки, г-ѓа Каканидин можела сама да го роди своето бебе Наја, додека автомобилот сè уште се движел. Татксистот се јавил во болницата „Стоук Мандевил“ за да го извести персоналот дека доаѓаат.
Бебето Наја, завиткано во јакната на нејзината мајка, откако се родило, било безбедно згрижено кога пристигнале во болницата.
Сепак, г-ѓа Каканиндин тврдеше дека била шокирана кога и била испратена сметка од 65 евра од „Arrow Taxis“ на домашна адреса во нејзиниот дом во Хај Вајкомб.
Таа вели дека со сигурност имало неред во задниот дел на таксито, но дека тоа било неразумно да се направи кога штотуку минала низ неочекувано породување.

„Разбирам дека направив хаос, но малку е дрско да ми наплатат за тоа. Тоа беше најбрзото породување досега“.
„Arrow Taxis“ беа контактирани за коментар.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

a sto e cudno i drsko tuka? pa nekoj na nejze doma da i vleze i da i se posere na tepihot, kako ona ke reagira?
toa sto se porodila i e srkna majka, toa si e nejzino, so sreka neka i e, sto ima taksistot so toa? uste od dzeb da plati hemisko cistenje za nea?
namesto ona da rece, cekaj i cistenje ke mu platam, i ke go pocestam, a ne da se zali
Коментирај анонимно