10 кратки вицови за одлично викенд расположение
Да започнеме со добри вести:
– Македонците оваа година живеат многу пати подобро.
– Спрема која година?
– Спрема наредната.
– – – – – – –
– Добар ден! Една голема ракија, ве молам!
– Господине, 8 на сабајле е!
– Добро утро! Една голема ракија, ве молам!
– – – – – – –
Кога купувам салама, прво му давам на кучето. Ако тоа јаде, јадам и јас. Во последно време се научи – чека прво јас да пробам.
– – – – – – –
– Подржи го малку…
– Добро и сега што да го правам овој „врап“?
– Тоа е бебе бе идиот!
– – – – – – –
Ако од нигде никаде мајката на жена ти почне да ти вика „синко“, значи овие денови ѝ доаѓаат дрвата и ќе се убиеш од цепење.
– – – – – – –
– Која е разликата меѓу олинклузив и јадење кај баба?
– Кај олинклузив ти решаваш кога си сит…
– – – – – – –
Фактот, дека до сега не се откриени древни бугарски монети, укажува на тоа дека тие користеле кредитни картички векови наназад.
– – – – – – –
Секоја жена заслужува маж, кој ја гледа како последното пиво во фрижидерот, а не како леќа на Ѓурѓовден.
– – – – – – –
Таа знаеше дека не е убавица, затоа се научи да си го преинсталира Винодусот сама.
– – – – – – –
Корупцијата во Македонија е на такво ниво што на изборот „Мис Валандово“ победи 40-годшиниот син на градоначалникот и освои патување на Малдиви.
Коментирај анонимно