„Јас сум горда 54 годишна „милфица“ и никогаш нема да престанам да носам бикини, само затоа што сум мајка!“

54-годишната жена, позната на „TikTok“ како „misstwiggy111“, има 78,1 илјади следбеници и 425,8 илјади прегледи на споделуваното видео.
Самопрогласената „жешка мајка“ откри дека без разлика на нејзината возраст, ќе продолжи да носи бикини, бидејќи на социјалните мрежи редовно објавува видеа како ги носи своите омилени костими за капење.

 

 

Мајката е модел, креатор на содржини и велнес тренер и секогаш ги остава луѓето шокирани кога ги открива своите години.

Таа се опишува себеси како „милф“, сленг за секси постара мајка и многумина се запрепастени кога ќе дознаат дека таа е во 50-тите години, а стотици корисници на социјалните мрежи се убедени дека е 20 години помлада.

 

Во едно од нејзините неодамнешни видеа, кое мајката го постави со натпис „среќна милфица“, 54-годишната дама се соблече во бикини, покажувајќи ја својата фигура за нејзините следбеници на „TikTok“.
На почетокот на клипот, ја видовме мајката облечена во широки сиви тренерки и џемпер, додека ги држеше бикините во рацете.

 

Жената се насмевна додека позираше пред камерата, покажувајќи го своето завидно тело.

Видеото на жената очигледно импресионираше многумина, бидејќи набрзо собра 145,4 илјади прегледи.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *