Македонскиот принц и крокодилите (виц)

Принцезата сакала да се мажи за најхрабриот и најпаметниот маж во царството. Се пријавиле кандидати од различни земји, а принцезата ги тестирала на ист начин, со езерото со крокодили. Дошол редот и на принцот од старото македонско кралство. Тргнале Македонецот и принцезата на прошетка низ паркот и стигнале до езерото со крокодили. Тогаш принцезата го извадила прстенот од раката, го фрлила кај крокодилите и му рекла на принцот:
– Ајде сега извади го!
И нашиов го извадил.
Принцезата со ококорени очи рекла:
– Ти си вистинскиот за мене, оние кретени скокаа во водата…