Мајка се жали на Интернет дека не може да задржи пријателки затоа што е ПОБОГАТА од нив: „Дружењето со некој што е „подолу“ од вас е само губење време!“
Мајка предизвика бурни реакции на интернет, откако објави текст во којшто вели дека приајтелствата помеѓу различни „класи“ на луѓе не постојат.
Анонимната жена, за која се смета дека живее во Велика Британија, на форумот за родители „Mumsnet“ги праша другите за нивните размислувања за тоа да имаат пријатели со различни примања.
Нејзината објава предизвика речиси едногласна осуда, при што многумина сугерираат дека нејзиниот став наместо приходите е причината поради која таа се бори да одржува пријателства.

Објавата вели: „Слушнете ме. Се преселивме во едно прекрасно село пред неколку години и вложив многу труд во обидот да стекнам нови пријатели. Запознав две различни жени преку активност, со кои се надевав дека ќе станам добра пријателка. Двете живееја во помали куќи од нашата и заработуваа помалку, што не ми беше важно бидејќи уживав во нивното друштво. По неколку средби, бев отфрлена. Немам поим што згрешив. И болеше. Од друга страна пак, запознав две жени кои се добро ситуирани и се мои најблиски пријателки сега за сега. Редовно се среќаваме со нашите деца и си поминуваме одлично. Тие исто така имаат професионални работни места со скратено работно време, живеат во големи куќи и имаат слични вредности.

Ова ме натера да размислувам затоа што јас сум истата личност што беше отфрлена од двете други жени“.
„Дали сум неразумна да мислам дека обидот да се дружам со некој кој е неколку нивоа под мене на економската скала е генерално губење време и може да доведе само до разочарување/кршење на срцето?“
Еден од корисниците на оваа платформа напишал: „Дали мислиш дека тоа може да биде затоа што си неподносливо самоуверена?“
Друг додаде: „Мислам дека веројатно се должи на вашиот став дали тоа е намерно или не. Дали тоа е поради вашата голема куќа? Или вашата личност? Хмм, се прашувам“.

Коментирај анонимно