Оваа девојка има порака до сите нас: „Бидете љубезни кон вашите тела, совршени сте!“

Бри Ленехан е Австралијанка која почнала да ги користи социјалните мрежи за да ја разоткрие вистината зад „совршените“ пози што ги гледаме на интернет додека „скроламе“ на нашите телефони. Инфлуенсерката има многу следбеници за нејзината телесна позитивна содржина. која ги истакнува разликите помеѓу „Инстаграм и реалноста“ и ги предупредува нејзините следбеници да не веруваат во сѐ што гледаат на интернет, туку да ги прегрнат и прифатат нивните тела онакви какви што се.

 

1. „Таа ја разотрива реалноста на фотографии една до друга“

 

„Инстаграм“ очигледно само го претставува најдоброто од нас и ретко не потсетува на вистинската слика.

Сепак, има многу помалку искрени слики кои ја откриваат реалноста, тие се заменети со совршени слики од совршен агол и наместена поза.  Тоа е мисијата на Бри Ленехан на „Инстаграм“, каде што најчесто објавува фотографии една до друга, докажувајќи ја реалноста зад неискрените совршени пози.

 

Повеќето од фотографиите ја прикажуваат Бри како ги потпира рацете на колковите и прави поза пред да се префрли на нејзината поприродна форма. Таа, исто така, дава совети за фитнес и често ја користи својата платформа за да објавува охрабрувачки зборови за нејзините следбеници.

Таа ја потсетува својата публика дека никој не е совршен: „ Сакам да бидам безбедно катче на интернет и да ја користам оваа платформа за да ве охрабрам да бидете пољубезни кон себе“, напиша таа во описот на една слика.

 

2. „Таа им пркоси на сите идеали за убавина“

Многумина од нас веруваат дека спектакуларните, често дигитално изменети слики на луѓе што ги гледаме на социјалните мрежи се целосно реални и нè прават да се чувствуваме лошо за сопственото тело. Фотографиите на беспрекорните тела и лица се исто така идеализирани претстави за вистинска убавина. Профилот на Бри има за цел да ги отфрли овие митови покажувајќи ги нејзините стрии, целулит, мозолчиња, опуштена кожа и стомак со цел да ги убеди сите дека сите ние сме луѓе со природни тела со недостатоци, а тоа е во ред така како што е.

 

 

„ Начинот на кој се чувствувате е многу поважен од начинот на кој изгледате “, сподели таа во една од нејзините мотивациони објави. Во оваа модерна ера, кога сите сме јавно оценувани од другите, опсесијата да имаме идеално тело и кожа е многу поприсутна.

Од друга страна, некои луѓе уживаат да ги покажуваат своите тела без помош на „Photoshop“ или други програми за уредување слики и не се плашат да му дозволат на светот да ја види нивната вистинска убавина.

 

Бри сака да ги инспирира луѓето да бидат сигурни во сопствената кожа и да престанат да се грижат за тоа како изгледаат другите луѓе на интернет секој ден.

Мисијата на Бри е успешна, а тоа го докажува и реакцијата на нејзините следбеници, кои најдоа среќно место следејќи ја оваа расположена девојка. Негативните коментари за сопственото тело можат да направат да се чувствуваме лошо и несоодветни во очите на другите, но како што истакнува Бри, идолизирањето на туѓите тела и изглед може да биде нездраво и нереално.

Љубовта кон себе е важна во сите облици, големини, бои на кожа, типови на тело и пошироко. Конечно ќе можеме да се сакаме себеси и другите повеќе, кога ќе научиме да ги прифаќаме нашите тела и да ја прифатиме нивната природна убавина.

Бри научила да се сака себеси и си поставила животна цел да им помага на другите да го прават истото. Иако можеби не е лесно за секого, таа продолжува да дава предлози како да бидеме потолерантни и поразбирливи. Таа сподели: „Колку повеќе гледаме нормални жени со нормални тела, толку пореални ќе бидат нашите очекувања, а потоа се надеваме дека повеќе од нас ќе се прифатиме себеси“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *