11 годишен генијалец ги победи Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг во тестот за интелигенција постигнувајќи највисок можен резултат
Ученик од Лидс постигна највисок можен резултат на тестот за интелигенција на Менса – победувајќи ги Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.
Стручниот Јусуф Шах (11) регистрирал 162 коефициент – максимум за под 18 години и во најголем процент од сите луѓе.
Се вели дека Хокинг постигнал 160, а Ајнштајн, кој иако официјално никогаш не го положил тестот, се верува дека го постигнал истото. Јусуф рече дека неговите пријатели на училиште секогаш му велеле дека е многу паметен – а тој сакал да се тестира себеси со тоа што ќе го направи квизот за коефициент на интелигенција.
Јусуф рече: „Сите на училиште мислат дека сум многу паметен и отсекогаш сум сакал да знам дали сум во првите два отсто од луѓето кои го положуваат тестот. Посебно е чувството да се има сертификат за тоа“.

Ученикот Јусуф од шестата година се надева дека ќе студира математика на Кембриџ или Оксфорд и рече дека сака да прави се што го стимулира неговиот мозок. Кога не учи, математичкиот фанатик ужива во судоку и во решавање на Рубикови коцки.
Почнал да си игра со Рубиковите коцки во јануари, откако видел една во куќата на својот пријател и до крајот на месецот можел лесно да ги реши коцките од сите тешкотии.
Неговата воодушевена мајка Сана рече: „Бев толку горда. Тој е првиот човек кој го направил тестот Менса во семејството. Всушност и јас бев малку загрижена. Мислевме дека може да биде исплашен од возрасните во центарот. Но, тој одлично се снајде. Но сепак ние постојано го потсетуваме Јусуф дека дури и да сме талентирани, мора сепак да работиме вредно и напорно“.

Тато Ирфан додаде: „ Само го направивме она што веќе го правевме – не се подготвуваме ништо конкретно за тестот за интелигенција“.
Помладиот брат Калид, на возраст од осум години, исто така се надева дека ќе го направи тестот Менса кога ќе биде постар. А ние му честитаме на младиот Јусуф и му посакуваме светла иднина.

Коментирај анонимно