„Хејтерите“ велат дека користам „Фотошоп“, па затоа сега ќе ви покажам дека тоа не е вистина, дека јас само вежбам!“

Фит жена докажа дека нејзините импресивни придобивки од теретана се вистинска работа – и не, нејзиниот задник не е направен на „фотошоп“.
Фитнес инфлуенсерката Фелисија Линдквист се осврна на гласините на нејзиниот профил на „TikTok“, каде што има над 491 илјади следбеници и голем број на „хејтери“.

 

Во видеото, Линдквист инсистираше на тоа дека нејзиниот профил е „без фотошоп“.

За да го докаже тоа, таа ги посвети првите неколку секунди од видеото на „TikTok“ на фотографија за која „хјтерите“ инсистираа дека е фотошопирана.

Линдквист стои во соблекувалната во теретана, гледајќи назад во камерата, нејзиното тело е облечено во тесен топ за вежбање и виолетови хеланки.
Потоа, таа го покажа целосниот клип од кој е изворот на фотографијата. Линдквист ја преврте косата и се намести, а нозете и стомачните мускули и се благо свртени.

Но, сепак некои следбениците не се задоволија со краткиот клип и сѐ уште беа скептични.

Едно лице рече дека видеото е премногу кратко за да го смири нивниот сомнеж. „Тоа не е ни гиф“, напиша критичарот.
„Можете и да ги уредувате вашите видеа“, рече друг.

Но, другите беа „all-in“ и среќни што ја прифатија нејзината мускулеста задница како факт и ѝ се восхитуваа.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *