„Сакам да изгледам ГЛАМУРОЗНО додека се породувам, а луѓето го сметаат тоа за лудо!“
Породувањето е многу застрашувачка мисла за многу нови мајки. За повеќето идни мајки, нивната прва мисла не е како изгледаат.
Но, една мајка, првото нешто што го направила пред да оди во болница за да се породи било да се увери дека нејзината коса и шминка изгледаат совршено.


Агнес Зопа, 21-годишната мајка од Манчестер, задоцнила на своето породување. За да се подготви за породувањето, настрана од типичните работи што се спакувани во породилната торба, Агнес се погрижила да изгледа подготвена за специјалната пригода и да се погрижи нејзината шминка да изгледа беспрекорно, а косата да ѝ биде совршено свиткана.
Агнес на „TikTok“ ја споделила својата рутина за подготовка и го постави својот клип со натпис „Се подготвувам секој ден во случај моето бебе да се појави“.

Нејзиното видео очигледно импресионираше многумина, бидејќи брзо собра неверојатни 154,6 илјади прегледи.
Но, коментарите за подготовката на Агнес беа различни – додека некои признаа дека и тие го направиле истото, други сметаа дека тоа е бесмислено и не можеа да разберат зошто жените го прават тоа.
Едно лице рече: „Изгледај убаво, но верувај ми душо, сè ќе помине“, на што Агнес одговорила „Фала душо! и не се сомневам во тоа, само малку зајакнување на самодовербата“.
Сепак, една друга корисничка призна: „Го направив ова, се чувствував многу подобро додека се породував“.

Коментирај анонимно