Приказни од 9 обични „смртници“ кои имале шанса да излезат на состанок со славна личност

Никогаш не знаете како може да се одвива иднината – денес, можеби мислите дека излегувате со вашиот обичен сосед, но утре тие би можеле да станат светски познати личности со многу обожаватели. Можеби е навистина интересно да се гледа како личноста со која се дружевте станала позната. Овие 9 луѓе подолу знаат какво е чувството и сакаат да се присетуваат на старите добри времиња со радост и хумор.

 

1.

Тетка ми и Џерард Батлер излегоа на слеп состанок. Имало големо недоразбирање затоа што тој барал само нешто за една вечер, а таа тогаш беше фина жена во нејзините 50-ти. Тие завршиле да се смеат за тоа што се случило и да уживаат во вечерата заедно. Таа кажа дека бил многу фин и имал јаки мускули.

2.

Мојата баба се гледала со Елвис Присли кратко време. Не знам многу, само знам дека го оставила затоа што секогаш имало многу девојки околу него кои сакале да го освојат.

3.

Мајка ми била во врска со Кијану Ривс кога биле во средно. Му раскинала затоа што тогаш бил многу фокусиран на неговиот бенд и неговите пријатели. Само да знаела…

 

4.

Мајката на пријател се гледала со Арнолд Шварценегер во 80-тите кога тој ги отварал своите теретани. Тој бил полн со себеси и цртал мали слики од себеси како се витка со мускулите во писмата што ѝ ги праќал. Таа му раскинала.

5.

Излегував со Селена Гомез кога бевме средно. Врската заврши взаемно, но таа беше навистина одлична пријателка. Нејзината кариера ѝ стана приоритет и изгубивме контакт, но никогаш нема да заборавам дека еднаш се натпреварувавме кој може да зеде повеќе чили хот-дога. Таа победи.

 

6.

Баба ми која вообичаено кажува убави работи за сите отиде на состанок со Чак Норис. Таа ни кажа: „Тој е прекрасен човек, но искрено, малку е досаден“.

7.

Кога „One Direction“ не беа уште познати јас бев огромен фан. Постојано го ретвирував Хари Стајлс и еден ден тој ми пиша. Си пишувавме некое време, му го дадов мојот број и почнавме и да се слушаме. Тој беше неверојатно сладок и обожаваше да му раскажувам за мене. Но престанавме да контактираме затоа што почнав да се гледам со дечкото кој ми беше голема симпатија.

 

 

8.

Мојата наставничка во средно беше во врска со Харисон Форд. Тие раскинаа за тој да може да го снима „Војна на ѕвездите“. Таа имаше Хан Соло привезок и го нарекуваше „Хари“ кога успеевме да ја натераме да ни зборува за него.

 

9.

Излегов на состанок со Тимоти Шаламе. Не знаев дека тој е познат зашто се запознавме на Тиндер. Тој лажеше за годините, рече дека има 21, а всушност имаше 19. Ова беше точно пред кариерата да му тргне. Никогаш повторно не се видовме после тој состанок.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *