11 пати кога децата изненадиле со неочекувани мисли на кои би им позавиделе и најголемите филозофи и комичари

Нашите драги синови и ќерки често нè изненадуваат со нивните неочекувани мисли и зборови. Неверојатно е тешко да се разбере што се случува во нивните умови. Повеќето родители веројатно би се согласиле дека децата често кажуваат работи на кои би биле љубоморни и големите филозофи и комичари.

 

1.

Не велам дека ќерка ми е премногу драматична. Но само сакам да ви кажам дека солзите ги нарекува „мокри капки на тага“.

2.

5-годишниот син: Утре ќе бидам многу умен и добар.
Јас: А денес?
5-годишниот син: Имам планови.

3.

Мојот син утрово рече „Пробав да бидам смешен, но се претвори во катастрофа“, тоа докажува дека е подготвен да се придружи на Твитер.

 

4.

Јас: Се е во ред?
8-годишната ќерка: Да, само многу сум емотивна во моментов.
Јас: Разбирам. Што е проблемот? Пријателите? Школото? Или сакаш да нè прашаш нешто?
8-годишната ќерка: Не. Туку овој ресторан нема сутлијаш. Го мразам ова место.

5.

4-годишниот син дојде дома и официјално не извести дека има девојка. Била постара, носела очила и живеела блиску до училиштето. Го прашав како се вика. Неговиот одговор:„Не знам, но тоа не е ни важно“.

6.

6-годишниот син: Те сакам.
Јас: И јас тебе те сакам!
6-годшниот син: Не ти зборував на тебе. Ѝ зборувам на мојата крофна.

 

 

7.

Денеска 4-годишната ќерка ми рече, „Мило ми е дека ти си ми татко… за сега“, што е истовремено најслаткото и најстрашното нешто што го имам слушнато.

8.

Кога си родител учиш многу работи за себеси. На пример, утрово мојот 7-годишен син ми кажа дека не сум смешна колку што мислам.

9.

5-годишниот син: Дали навистина морам да се заљубам некогаш?
Јас: Не.
5-годишниот син: Добро. И онака имам работи за правење.

 

 

10.

Моите деца се преправаа дека печат колачиња и ми дадоа на мене да пробам.
4-годишната ќерка: Еве за тебе се овие тато.
Јас: Лелее фала.
4-годишната ќерка: Ќе ги фрлевме во канта зашто се одвратни, но наместо тоа ти ги дадовме тебе.

11.

Мојата 3-годишна ќерка моите бели влакна на косата ги вика „волшебничка коса“.
Јас не стареам, јас станувам моќен.

  • Deni напиша:

    abe cudo, sto da kazam, nie tupi bevme pa neznaevme da zborime kako deca…
    pa site deca i ovie i tie pred iljadnici godini isto zborat, i se ponasaat, samo denes so toa telefonite, i da prdnat i da se poserat, mora na fejs ili tviter da se pokaze

  • Nebitno напиша:

    Не ти се влакната :,, ВОЛШЕБНИ” и не стануваш моќен , туку си стар и си оженил на 50 години. Треба сега да бидеш дедо а не татко

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *