Среќен лото играч „фатил“ премија од 100.000 долари за по неколку години ПОВТОРНО да освои 50.000 долари – открива во што е тајната

Димас Монтоја, готвач во ресторан од Мериленд во САД, фатил на лото откако купил билет на бензинска пумпа кога со одел од работа. Среќниот добитник на државната лотарија изјави: „Го проверив тикетот на бензинска пумпа на која одам. Касиерката беше многу среќна за мене кога рече дека треба да ги подигнам парите во седиштето на Лотарија бидејќи сумата беше многу висока“.

 

 

Организацијата објасни дека на Монтоја му станало навика да игра лотарија после работа. Неговиот прв успех дошол во 2016 година, каде што тој освоил вртоглава сума од 100.000 долари, а сега тој повторно освоил 50.000 долари.

48-годишниот татко на четири деца ја напуштил продавницата и ја споделил својата одлична вест со членовите на семејството и пријателите. Тој им кажа на официјалните лица дека неговата сопруга не му верувала додека не ѝ покажал доказ за неговата победа. Готвачот рече дека сега е подготвен да ги троши парите на семеен одмор, како и да одвои некои заштеди.

 

Тој, исто така, потврди дека ќе продолжи со својата редовна рутина на играње лотарија и ги советува сите дека единствена опција да фатите е таа, доколку секој ден играте и бидете упорни во тоа.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *