„Мамички да не ожедневте?“ – Татко тврди дека мајките во училиштето „губат глава“ по него, но тие му покажаа кај му е местото
Татко кој тврди дека е „жешкиот татко на училиште“ на социјалните мрежи беше исмејуван од жените поради неговата „незгодна“ и „срамна“ објава.
Личниот тренер Роб, од Лондон, го објави видеото на ТикТок, но многу жени не реагираа добро. 30-годишниот маж ја сподели снимката на која позира пред камерата пред да стави натпис: „Мамички да не ожедневте?“ Како и личен тренер, Роб има и сметка на OnlyFans каде што рекламира „ограничени понуди од 30 проценти“.

Роб, кој тврди дека го споредуваат со англиската легенда Дејвид Бекам, доби голем број невкусни коментари откако го објави видеото.
Една мајка напиша: „Како мајка, жал ми е што морам да ти кажам, не сме жедни, ни се вртат најмалку 5 други работи низ нашите умови кога ги оставаме децата!“
Друга прокоментира: „Што правиш? Ти изгледа си опериран од чувството на срам“
Уште една напишал: „Да кога го оставам детето во училиште баш тебе те барам“.
Четврта напиша: „Не другар!Повеќе ни се допаѓаат татковците кои напорно работат за своите деца, а не некое убаво „исполирано“ момче. Ние сакаме вистински мажи!“
Додека петта додаде: „Хахаха. Училиштето е последното место каде некој гледа вакви работи. И онака се тепаме да влеземе со децата низ вратата, сè што правиме е да ги провлечеме низ портите и да одиме на работа“.

Роб редовно објавува содржина на која вежба и позира без кошула во теретана на својот Инстаграм. Таткото од Лондон во својата биографија тврди дека е поранешен воен личен тренер.


Cringe
Ebati buljasot
Коментирај анонимно