Познатиот прилепски наставник Гоце Бумбароски со порака до МОН откако чекале три месеци да добијат учебници, а сега тие поставуваат и небулозни правила во врска со нив

М-р Гоце Бумбароски е одделенски наставник ООУ „Кочо Рацин“ во Прилеп и магистер по менаџмет во образованието. Тој е омилен помеѓу своите ученици, а тоа е така затоа што преку креативни начини им ги предава лекциите и им го пренесува знаењето. Истовремено тој е „без влакна“ на јазикот и отсекогаш се заложувал за најдоброто за учениците и немал проблем да го каже своето мислење.

Така и овој пат наставникот е фрустриран од новото правило на МОН, поради тоа што и онака одвај ги дочекале книгите од нив, но сега им текнало да воведат уште едно правило. Еве што објави тој на својот фејсбук профил.

 

 

„Минатата недела конечно добивме учебници по Македонски јазик и Математика за IV одделение (по три месеци од почетокот на учебната година)
Ден – два потоа пристигна допис (информација) од МОН дека учениците не смеат да пишуваат во учебникот по математика.
Три месеци работиме без учебници и откако пристигнаа – не смее да се пишува во нив, каква иронија…
Се прашувам зошто не смее да се пишува… Нели истите се конципирани во форма на работни тетратки каде што зададените задачи и активности меѓу другото налагаат и решавање во самата книга.
Дури и текстовите на задачите се насочени во тој правец (фотографии во прилог)
Ги повикувам од МОН на чело со министерот да си ја преиспитаат оваа несериозна одлука и веднаш ја повлечат.
На моите ученици нема да им го скратам правото да пишуваат во учебниците. Тие се за нив и ќе ги користат онака како што треба.
До кога во образованието одлуки ќе носат луѓе кои не поминале ниту еден ден пред зелената табла со креда во рака!?“

 

  • Vlade напиша:

    Krajno vreme e MON da se resetira i restartira od portir preku minister do drzavniot sekretar

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *