Светско со Дарко Панчев и Златен Даб: Кои се предвидувањата на нашата фудбалска легенда за Светското Првенство

Во пресрет на Светското првенство и на најинтересните фудбалски натпревари, Прилепска Пиварница сними неколку кратки видеа со една од нашите најголеми фудбалски легенди, Дарко Панчев.

 

 

Без сомнение, за многу наши фудбалски генерации, сè уште се свежи сеќавањата за Дарко Панчев, како првиот Македонец со два гола против Обединетите Арапски Емирати на Светското првенство во Италија во 1990 година, каде што репрезентацијата на Југославија го освои петтото место.

Низ неколку видеа снимени во неформален амбиент, Дарко Панчев зборува за своите предвидувања за Светско, за неговите фаворити на првенството, индивидуалните успеси на поединечни фудбалери, за младите фудбалски надежи, и на тој начин уште повеќе ни го доближува фудбалскиот свет од своја перспектива. Непосреден, природен и секогаш добро расположен, Панчев ужива во фудбал со Златен Даб додека зборува на различни фудбалски прашања.

Погледнете што кажа Дарко Панчев, со уникатниот вкус на Златен Даб.

 

 

 

 

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *