Прекрасната јапонска манекенка која изгледа половина од нејзината возраст, ги открива своите тајни за долговечност и убавина. Нема да ви се верува колку години има!

Јапонска манекенка воодушеви илјадници луѓе со својот младешки изглед, откако откри дека има 51 година.

 

 

Риса Хирако е сензација на социјалните мрежи, особено на „Инстаграм“ , благодарение на нејзиното згодно тело, беспрекорната кожа и недостатокот на било какви брчки.

Риса ги велича придобивките од здравата органска исхрана и многу вежбање за да остане во форма и да изгледа најдобро што може на нејзини 51 година.

 

Една од омилените намирници на Риса е смути од бадемово млеко, путер од бадем, мед и банана. Таа исто така ужива во оброци како пржени јајца на тост од кисело тесто со грст спанаќ и многу морска храна.

Таа, сепак, си дозволува повремено уживање, споделувајќи снимки од нејзиниот „совршен оброк“ – топол чоколаден пудинг со сладолед.

 

Поголемиот дел од времето таа ужива во диета со малку јаглехидрати со многу лиснат зелен зеленчук, храна богата со протеини и здрави масти како екстра девственото маслиново масло и авокадо.
Риса се одлучува за органски производи за убавина за да се грижи за нејзината беспрекорна кожа, вклучувајќи органска козметика и соли за капење.

 

Таа претходно напиша на „Инстаграм“: „Одржувајте ја вашата кожа навлажнета и хидрирана 24 часа! И обидете се да јадете органска храна и да користите органски производи колку што е можно повеќе“.

Таа, исто така, често ги менува фризурата и бојата на коса, поради што изгледа млада, често шишајќи ја за да добие нов изглед.

 
Оние кои го виделе профилот на Риса на интернет се шокирани од тоа колку младо изгледа моделот.

Едно лице напиша на „Твитер“: „Риса Хирако има 51 година. Нека ве збуни тој факт ова утро“.

Друг додаде: „Таа буквално изгледа половина од нејзината возраст“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *