Заборавете на фудбалот… Уште едно светско првенство се одржува во Катар, а тоа е, верувале или не: Светскиот избор за НАЈУБАВА КАМИЛА

Додека тимовите од целиот свет се борат на фудбалските натпревари, Катар е исто така домаќин на Светското првенство за најубава камила.

 

 

Настанот се одржува во клубот „Катар Камел Мзајен“ во Аш-Шаханија. Пред прогласувањето на победникот во натпреварувачката категорија на денот, биле измолзени други женски камили, а сопственикот на онаа што произведува најмногу добил награда 20.000 катарски ријали (околу 5.500 евра).

Сепак, сите очи беа вперени во натпреварот помеѓу камили од типот „Maghateer“ на возраст над четири години, односно натпреварувачката категорија на денот.
За натпреварот, учесниците доаѓаат од различни земји од Персискиот залив и се во различни категории зависно од нивната возраст и раса.

 

 

Пред да се натпреваруваат на престижниот настан, камилите се прегледани од медицински комитет кој користи рендгенски зраци за да избегне измама и да провери дали животните немаат никакви хируршки додатоци.

Тоа е мерка која беше воведена бидејќи некои сопственици им даваат на своите животни ботокс за да ги зголемат нивните шанси за победа и поради тоа 43 камили беа дисквалификувани од претходниот настан.
Хамад Џабер ал-Атба, претседател на клубот „Катар Камел Мзајен“, вели: „Идејата е слична на Светското првенство во фудбал, направивме светско првенство за убавина на камили. Имаме учесници од Советот за соработка во Персискиот залив, имаме големи имиња и денеска е петтиот ден од турнирот“.

 

Тој објасни дека камилите различно се оценуваат според групите во кои се наоѓаат.

На пример, црните камили се оценуваат според големината на телото и главата и локацијата на нивните уши. Сепак, белите камили од типот „Maghateer“ се проучуваат врз основа на нивната пропорционалност. Нивните уши треба да се спуштат надолу и да не стојат исправени, а исто така се гледа и на начинот на кој нивната уста се криви.

А во случајот со камилите „Асел“, тие имаат посебни карактеристики. Судиите ја гледаат локацијата на ушите, должината на нивните коски и нивните копита.
Одгледувачите се натпреваруваат за повеќе од 66 милиони евра во наградниот фонд за време на фестивалот, кој се одржува на околу 100 километри североисточно од главниот град.

Сопствениците на камили можат да ги продаваат животните по повисоки цени откако ќе добијат признание за паричната награда.

Животните се голем бизнис во Катар, а 1,5 милиони од нив се заштитени со микрочипови.
Тоа доаѓа откако најубавата камила беше крунисана во март на првиот фестивал на камили во Катар.

Во 2021 година, 43 камили беа дисквалификувани од натпревар за убавина во Саудиска Арабија, откако им беше даден ботокс, лифтинг на лицето и хормони за зајакнување на мускулите за да ги направат нивните усни поголеми, а нивните грбови позгодни. Процедурите можат да ги остават камилите со ужасни повреди.

Хамад Џабер Ал-Атба, главниот организатор на фестивалот, рече дека е направена работа за да се запре манипулирањето, што вклучува употреба на ботокс и филери, при што камилите се ставаат на рендген и друг мониторинг.

 

Властите во Катар и неговите соседи се обидуваат да ѝ дадат поголем профил на традиционалната практика бидејќи се натпреваруваат со мега настани како што се Светското првенство во фудбал и Големата награда на Формула 1.

 

Ал Атба рече дека фестивалот бил добар, привлекувајќи го растечкото урбано население на Катар, како и неговите бедуини кои живеат во пустината.

Саудиските ентузијасти трошат стотици илјади долари на животните кои учествуваат на натпреварите, а одгледувањето камили е индустрија вредна повеќе милиони фунти.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *