101-годишен дедо првин се опоравил од операција, а сега го победи и коронавирусот
Едноставно некои луѓе имаат неверојатен животен век што ни се чини дека ја пронашле тајната за вечниот живот и не ни ја кажуваат.
Токму таква е приказната за 101-годишниот Кит Ватсон. Старецот на почетокот на март паднал од креветот во домот за стари лица во Вустершир. Тој бил однесен во болница за да му биле извршена операција.
Операцијата била успешна, но додека Кит с еопоравувал почнал да развива симптоми за коронавирусот. Лекарите веднаш го тестирале и резултатите биле позитивни. За жал Кит најверојатно се заразил со вирусот додека бил во болницата. Никој не се надевал дека Кит ќе може да издржи ваков товар, но сепак се грижеле за неговото здравје најдобро што можат, а тој ги изненади и лекарите, но и негово семејство.
Снаата на Кит вели: „Кога влезе во болницата за операција беше една работа, но кога дознавме дека е позитивен на вирусот го помисливме најлошото… но тој е неверојатен за негови години.“
На пријатно изненадување на сите Кит го преброди коронавирусот и бил вратен дома кај своето семејство. Волонтерот кој го однел Кит дома вели дека тој е „енергичен дечко“ кој многу сака да прави муабет со луѓето.