Антиваксерката која инјектираше солена вода наместо вакцина против Ковид на 8.600 стари лица излезе слободна од судот во Германија

Медицинската сестра Антје Т (39) боцнала илјадници постари пациенти во центар за вакцини во Германија со тоа што им кажала дека е вакцината BioNTech Pfizer, но тоа било само раствор од солена вода. Медицинската сестра, која ги администрираше лажните вакцини во центарот доби само шест месеци условна казна.

 

Таа беше прогласена за виновна за шест точки од обвинението за намерен напад на 30 ноември. Антје Т боцнала до 8.600 пациенти кои главно биле вработени во болница, воспитувачи и лекари на возраст над 70 години помеѓу 5 март и април 2021 година, оставајќи ги без заштита од смртоносниот вирус.

Полицијата пред судот изјави дека таа можела да го внесе солениот раствор без никој да знае, бидејќи била задолжена за подготовка на вакцината и шприцовите за време на нејзината смена во центарот за вакцинација. Но, по повеќе од еден месец, таа била пријавена од друга вработена која ја видела како користи физиолошки раствор наместо вакцина кај шест пациенти на 21 април 2021 година.

39-годишната девојка дополнително објави неколку објави на социјалните мрежи каде отворено ги истакна своите скептични ставови во врска со вакцините за Ковид-19. Кога полицијата ја испрашувала, таа признала дека користела солен раствор, но рече дека тоа го направила само затоа што случајно скршила вијала со 6 вакцини и ѝ било страв да каже  на колегите.

Таа, исто така, тврдела дека станува збор за еднократен инцидент, но веднаш била отпуштена откако тестовите за антитела што биле извршени врз погодените луѓе ги потврдиле сомнежите на властите. Покрај тоа, на Антје Т и е одземена лиценцата за работа како медицинска сестра, објавија медиумите. По инцидентот, државните власти ги повикаа жртвите на измама да се пријават за ревакцинација и нагласија дека тоа е сосема безбедно.

Антје Т, пак, првично беше обвинета за 15 точки за намерен напад на почетокот на судењето во ноември 2022 година, но девет од нив беа отфрлени поради немање докази.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *