Запознајте ја најатрактивната жена- научник на светот, чија работа и изглед ќе ве изненадат и фасцинираат
Сметајќи се себеси за најатрактивната жена научник во светот, жителка на Флорида, САД, проговори за своето хоби и за комбинирањето на научните активности со работата како модел.
Рози Мур (26) пораснала со своите браќа во дивината во Мисури и многу време поминувала играјќи на отворено. Уште како дете, Мур сфатила дека ја интересираат животни – особено ајкули. „Отсекогаш мислев дека ајкулите се „најкул“ суштества. Сонував да одам на Флорида и да најдам начин да работам со нив “, вели таа.
На 20-годишна возраст, Рози се запишала на Универзитетот Атлантик во Флорида и почнала да студира екологија. Потоа ги продолжила докторските студии и се фокусирала на проучувањето на водните ресурси, географските информациски системи и технологиите за далечинско набљудување на Земјата.
Сега Мур се занимава со управување со вода, лов на питони, нуркање со ајкули и проучување алигатори. Според Американката, таа навистина ја сака својата работа и не се срами што на ова поле има многу повеќе мажи. Напротив, Рози се обидува да ги надмине стереотипите за женските научници и ги охрабрува девојките да не се плашат да го прават она за што имаат срце, дури и ако поради некоја причина оваа активност се смета исклучиво за машка.
Во прилог на научните активности, Мур се прославувак и како модел. Почнала да снима под вода со ајкули, а со текот на времето вниманието на комерцијалните компании го привлекле нејзините фотографии. Компаниите за облека, пијалоци и настани почнале да и нудат договори за снимање.
Рози заклучила дека нејзините научни колеги се приземни луѓе, додека фотографите и стилистите се креативни и чудни, а оваа комбинација и овозможува совршено да комбинира различни видови активности. Истовремено, таа нагласи дека научниците со кои работи ја почитуваат нејзината страст за манекенството.
Коментирај анонимно