ВИДЕО: Прилепчанец создаде турбина која создава енергија и при најмал провев, но фондот за иновации постојано го одбива

И додека целиот свет во моментов се бори за енергија плус, особено онаа бесплатната од обновливи извори, нашите иноватори за своите креации се одбивани од Фондот за иновации токму за вакви проекти. Прилепчанецот Зоран Тодороски – Sнда, по втор пат е одбиен од Фондот за својот проект ветерна турбина која може да создава енергија и од најмал провев преку т.н. вентури ефект. Ако турбината би се произведувала масовно, не би чинела повеќе од 500 евра и лесно може да ја монтира секое домаќинство, објави Сител.

„Да нема потреба од ангажирање од посебен инженерски тим за изградба, да нема посебни конструкции во различни ситуации туку едноставно да дојде универзален производ што може секој да го купи да речам од супермаркет и да го постави во својот двор. Користени се материјали од автомобили, од индустрии кои можат лесно да бидат заменети од било кој тим, да не треба специјални нарачки, чекање и слично“, истакна Зоран Тодороски.

Оваа турбина е планирано да произведува еден киловат на час. Колку пак турбината се зголемува толку ќе биде поголема и нејзината моќност. Оваа иновација особено може да биде многу корисна за разни објекти лоцирани на отворено поле или планини каде има повеќе ветар. За најоптимална заштеда Тодороски вели едно домаќинство треба да има комбинација од соларни панели во ваква турбина.

Разочаран е бирократијата на нашиот Фонд за иновации и сега размислува своите со своите проекти да конкурира во странски Фондови.

„Ги работам и техничките цртежи, ја правам и анализата и буџетот и сите тие работи, не ангажирам од предложените Агенции од страна на Фондот што треба да го изработат тоа. И најчесто сум одбиван поради некоја анкета на странскиот пазар, јас до крај нема да го работам тоа бидејќи јас мислам дека како иноватор јас треба да направам иновација, а не да се занимавам со економија“, потенцира Тодороски.

Освен оваа Тодорски има уште голем број други иновации, како „Неврофон М1, помагало за глувите лица кое се носи на глава, модуларната мобилна ЦНЦ машина која може да се залепи на ѕид и да гравира, работи и на конструкција на роботи, а дури има разработено и идеја како би функционирал мотор за вселенска станица кој не бара гориво, освен струја.

  • Kire напиша:

    Pa normalno ke te odbijat, pogolemi inovatori od tebe se decata na sds koj si razdelija ogromni sumi grantovi za nivnite “inovacii” i za sve ostalo nema pari ne e dovolno inovativno

    Prestavi ja inovacijata u stranstvo kaj so nema partii i politicki s***a i gledaj si rabota

  • Enis напиша:

    decko. vo tie institucii povekjeto nasila postaveni se partiski ili mamini/tatini nepismeni marioneti. osven potkup, nemaat dovolno razvien mozok za da ti go razberat otkritieto/proektot. tamu e se stoka

  • Жарко Г. напиша:

    Фондот за иновации ќе ти ја потврди иновацијата доколку наведиш дека КАКО ПОГОНСКИ ЕЛЕМЕНТ ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТУРБИНАТА ЌЕ СЕ КОРИСТИ ПРДЕЖОТ НА СИНОТ НА ТАЉАТ ЏАФЕРИ. Во спротивно ќе бидеш одбиван.

  • riki напиша:

    ehhhh daj mito sto drugo pa zarem uste ne sme sfatile deka od drzava ima samo korupcija

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *