8 нереални очекувања, кои секој партнер ги има во врската од другиот партнер, а не би требало!
Експерт откри осум нереални очекувања кои луѓето ги имаат од врската, почнувајќи од потребата од партнерот да ве „комплетира“ до тоа да не дозволите да ги смета за привлечни другите луѓе.
Д-р Лалитаа Суглани, овластен психолог од Бирмингем, ја сподели информацијата во објава на „Инстаграм“, каде има повеќе од 110.000 следбеници.
Во објавата таа вели дека често поставуваме очекувања во нашите односи, иако можеби не сме свесни за нив.
Д-р Лалитаа додаде дека кога овие очекувања не се исполнети, „можеме да се чувствуваме фрустрирани и разочарани, бидејќи тоа нè наведува да се чувствуваме несакани“.

Помеѓу осумте нереални очекувања што таа ги наброја:
1.
„Често мислите дека вашиот партнер треба да се согласува со вас и секогаш да ја зазема вашата страна“.
2.
„Потребата вашиот партнер да биде дел од сите ваши планови, нема секогаш да ви успее“.
3.
„Нереално е да очекувате од партнерот да ве „комплетира“ или тој да направи се за да ве направи среќни“.
4.
„Не смеат други луѓе да им бидат привлечни“.
5.
„ Постојаното поврзување преку пораки или повици“.
6.
„Потреба од вашиот партнер да може да ги чита вашите мисли и да знае како се чувствувате“.
7.
„Очекувањето секогаш да се чувствува љубов, поврзаност или возбуда во врската“.
8.
„Да сакате другата личност целосно да ве разбере е нереално во врската“.
Психологот забележа дека овие очекувања не се ограничени на романтични партнерства, туку можат да се појават и во односите што ги имаме со пријателите, членовите на семејството и колегите од работа.
Д-р Лалита напиша: „Важно е да можеме да разбереме што очекуваме од другите и да можеме да го пренесеме ова за да ги продлабочиме врските што ги имаме со другите. Да се има врска со некого, значи да се чувствуваме сигурни и смирени во нашата приврзаност“.

Коментирај анонимно