6 позитивни аспекти на коронавирусот и седењето дома
Покрај фактот дека коронавирусот предизвикува многу несреќа низ целиот свет и фокусот е логично многу на тоа, има и голем број на позитивни работи за кои можеби веднаш не размислувате.
1. Заштедуваме пари
Автомобилите многу помалку ни трошат, дел од нас не одат на работа, а ниту пак по гости или на подалечни патувања. Нема повеќе казни за паркирање или за брзо возење. Цените на горивата паднаа. Јадењето надвор веќе е мисловна именка, а со парите за 1 оброк во ресторан, купуваме храна за цела недела. Згора на тоа, ќе научиме и да готвиме.
2. Планетата ќе ни биде благодарна: Се прочистуваат воздухот и водите
Никој повеќе не зборува за загадувањето или глобалното затоплување, нели? Во голема мерка, се разбира, затоа што сега се случуваат полоши работи, но без сите тие автомобили, авиони и фабрики, планетата навистина почувствува големо олеснување. Дури и делфини почнаа да пливаат повторно во Венеција.
3. Животот забави малку
Додека порано сите трчаа некаде по цел ден, како муви без глави, сега е друго време. Секој човек во денот има само неколку обврски и многу повеќе слободно време за да си посвети себе си. Направете го она што отсекогаш сте сакале, а сте немале време!
4. Неверството исчезна, сега семејството е во прв план
Бидејќи ризикот е голем затоа што не можеш да знаеш со кого се контактирал швалерот/швалерката, нели? А и да сте сигурни, нема услови за тоа, никој никаде не оди.
5. Работењето од дома значително ја намалува количината на алишта за перење
Додека количината на тренерки и пижами се зголемува, облеката за излегување е речиси сведена на нула.
6. Почесто го гледате вашето семејство
Реченицата „Мамо, кој е тој човек што секоја недела сече месо во кујната?“ е веќе минато. Сега децата го гледаат тој човек секој ден, благодарение на оваа криза.