Британец си дал отказ од работа и почнал да ги продава своите валкани гаќи и чорапи. Погодете колку заработува сега?
Кертис Гибс (25) од Вест Мидлендс, Велика Британија, ги надминаl финансиските тешкотии кога ја напуштил работата и станал зависен од продажба на долна облека.
Гибс работел во супермаркети и земал плата од 1500 евра месечно. Со текот на времето го исцрпил лимитот на кредитната картичка и постојано му биле потребни пари, па решил да најде работа со скратено работно време на Интернет.




Човекот почнал да ги продава своите валкани гаќи и чорапи, старите патики, па дури и водата во која се капел. Гибс сфатил дека луѓето се спремни да му платат големи пари за тоа што ги задоволува нивните фетишистички склоности. Набрзо човекот ја напуштил главната работа и целосно дал една од собите во неговиот стан за нова активност. „Списокот е бесконечен кога станува збор за чудни барања. Еден тип сакаше да испијам шише газиран пијалок, да подригнам во конзерва, да ја затворам и да му ја испратам“, вели тој.






Сега Гибс заработува 22 000 евра месечно и работи според сопствен распоред. „Моето семејство целосно ми дава поддршка. Тие видоа колку почнав да заработувам и колку сум среќен“, вели тој.

Коментирај анонимно