Некој бил гладен? Нилски коњ проголта 2 годишно дете цело, но потоа го повратило живо!
Двегодишно момче било проголтано и исплукано од нилски коњ додека си играло во близина на неговиот дом во Уганда.
Пол Ига бил стегнат во устата на животното во близина на езерото Едвард.
Нилскиот коњ го зграпчил детето од главата и проголтал половина од неговото тело кога еден локален човек забележал и почнал да фрла камења по животното.

Нилскиот коњ изгледал изненаден од нападот и го повратил детето – пред да се врати во водата.
„Потребна била храброста на еден Криспас Багонза, кој бил во близина, за да ја спаси жртвата, откако го каменувал нилскиот коњ и го исплашил, предизвикувајќи го да ја испушти жртвата од устата“, додаде полицијата.
Пол бил повреден и однесен на лекување во клиника и за чудо и среќа преживеал.
Пријавено е дека малото дете било префрлено во болница во Бвера, но било испратено дома откако земало вакцина против беснило.

Во соопштението, полицијата на Уганда рече: „Ова е прв ваков инцидент кога нилски коњ залутан од езерото Едвард напаѓа мало дете“.
Полицијата им порачала на жителите на градскиот совет Катве Кабаторо, кој се наоѓа во националниот парк Кралица Елизабета на границата меѓу Уганда и Демократска Република Конго, да останат на штрек поради нилските коњи.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно