Мажот ми сака неговата стара мајка со деменција да живее со нас, а јас го убедувам да ја сместиме во старечки дом. Дали грешам?

Да го видите вашиот родител, кој ве воспитал и ве научил на сè што знаете во животот, како старее и не може да се грижи за себе е нешто многу болно, но неизбежно. Таков е кругот на животот. Некогаш ние бевме бебиња и нам ни требаше секојдневна грижа од родителите, сега нашите мајки и татковци стануваат ранливи и имаат потреба од надзор.

Во некои култури, испраќањето на родителите во установа за потпомогнато живеење и во денешно време се смета за непочитување. Оваа сопруга и мајка на 2 деца се нашла во таква ситуација, и побара совет од вас. Нејзината свекрва е осамена и изнемоштена, а нејзиниот сопруг сака таа да се пресели во нивната куќа.

Еве ја нејзината приказна:

„Драги пријатели,
Мојата свекрва е стара и изнемоштена и живее сама. Последниве неколку месеци нејзиното здравје се влоши и докторите ѝ дијагностицираа деменција. Маж ми е единец и сака мајка му да се всели кај нас за да се грижиме за неа или да плаќаме сестра. Ние двајцата сме вработени од 9 до 5, згора на тоа имаме и 2 деца, кои си бараат внимание и грижа цело време. Не гледам како би можеле да се грижиме за неа, а плус не сме ни квалификувани. Јас мислам дека професионална помош ќе ѝ биде од корист. Му предложив наместо тоа да ја сместиме во старечки дом. Мажот ми не сака ни да слушне за тоа и не сака да разгледа никаква друга опција. Постојано ми повторува дека му ветил на татко му на умирање дека нема да ја смести неговата мајка во старечки дом. Ве молам помогнете ми да најдам решение кое ќе ни одговара на двајцата, затоа што тоа станува голем проблем во нашиот брак.“

Пред да почнете со давање совети и мислења, треба да се имаат на ум неколку факти за деменцијата:

1. Деменција е сериозна загуба на способноста за осознавање на една претходно здрава личност, покрај она што може да се очекува од нормалното стареење. Деменцијата може да биде статична, да се појави како резултат на несекојдневна, целосна повреда на мозокот или прогресивна, која резултира од долготрајно влошување на здравствената состојба предизвикана од болест или повреда на телото.

2. Особено во подоцнежната етапа од болеста, лицата кои боледуваат од деменција може да бидат дезориентирани во времето (да не знаат кој ден од неделата, ден од месецот или дури која година е), во местото (да не знаат каде се наоѓаат) и во личноста (да не знаат ништо за себе или луѓето околу нив). Иако понекогаш може да се излечи до одреден степен, причинителите на деменција се прогресивни и неизлечливи.

3. Лице со деменција во просек бара грижа околу 5 часа на ден, вели статистиката.

4. Истражувањата покажуваат дека блискиот однос со негувателот може да има повеќе придобивки дури и од лековите.

5. Најдобро време да се премести некој со деменција во нова средина е кога тој е сè уште стабилен. Колку повеќе напредува болеста, толку им е потешко на луѓето да се приспособат на новите средини.

На крај се наметнува прашањето:
Дали вие кога ќе остарите сакате децата да ве чуваат или да ве сместат во старечки дом?

  • Denko напиша:

    2 prasanja koi treba ovaa zena da si gi odgovori
    1. da bese nejzinata majka, dali ke insistirase na starecki dom
    2. da e ona licno, na mestoto na starata zena, dali ke gi kolne i prekolnuva decata da ne ja nosat vo dom?

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *