„Мажите се мојот банкрот“ – Мајка на пет деца е упорна да ги има најголемите гради во Британија, па досега има направено 16 операции
Кејти Прајс ја направи својата 16-та операција на градите во обид да ги добие „најголемите гради во Британија“. Гламурозната манекенка (44) иако располага со богат арсенал, уште еднаш отиде под нож за да ги зголеми градите.

Како што покажуваат ексклузивните снимки, мајката на пет деца насмевната влегува во клиниката и се чини дека не покажува никакви знаци на нервоза пред операцијата. Носејќи зелена тренерка и кафени крзнени чизми, таа лежерно разговараше на телефон надвор од болницата пред нејзината процедура.
„Кејти добива огромни 2120 CC импланти“, откри извор близок до ѕвездата. „Таа сака да ги има најголемите гради во земјата и тие сигурно ќе ја одведат на нејзиниот пат кон таа цел“.


Миленичката на OnlyFans откри дека мажите се „пропаст во нејзиниот живот“, бидејќи таа рече дека ги „плаќала“ нивните животи, оставајќи ја целосно скрѓена.
Таа објасни дека сите нејзини драми секогаш биле предизвикани од мажи. Кејти изјави дека едноставно е желна за љубов и дека ги потрошила своите милиони на нејзините врски бидејќи имала „потреба од валидација“.
„Не мора да си генијалец за да сфатиш дека мажите се пропаст во мојот живот“, објасни таа.
„Сите мои драми, мојот банкрот. Кога ќе видите дека бившите се радуваат наоколу, знаејќи дека сте платиле за работи, тоа е најголемата мака за мене“.

Коментирај анонимно