Ви ги претставуваме најразгалените луѓе што некогаш сте ги сретнале! ВНИМАВАЈТЕ: Можеби ќе посакате да им удрите една воспитна

Справувањето со разгален возрасен или дете може да биде предизвик што често не остава лути. Сепак, експертите велат дека најдобриот начин да се справите со разгаленото однесување е да останете смирени и секогаш да реагирате позитивно. Негативноста само ќе ја направи другата личност поагресивна и понепочитувана. И има многу луѓе таму кои никогаш не научиле што значи да заработуваат работи за себе.

 

1.

Имавме 25 годишен гостин на неколку дена. Една вечер доаѓа во дневната и ни вика: „Извинете, го затнав тоалетот горе“. Одиме горе и гледаме шолјата полна до горе. Кога му рековме дека треба да ни помогне и да го поправи, тој ни рече: „Ох, па кај мене дома секогаш некој друг го правеше тоа за мене“.

2.

Кога бев средно, едно дете ми рече: „Дали некогаш го користите теренот за тенис? Ние никогаш не го користиме нашиот. Навистина е безпотребно изгубен простор“. Морав да му објаснам дека немам терен за тенис и дека ПОВЕЌЕТО луѓе немаат. Тој има затоа што е екстремно богат. Бепе навистина многу изненаден.

 

3.

На еден дечко од моето училиште родителите му подарија нов спортски автомобил вреден 24.000 долари. После 2 месеци го искрши затоа што возел и пишувал на телефон. Му купија нов. И тој го искрши. На крајот му купија на старо за 2000 долари и не можеше да престане да се жали и да „плаче“ со месеци.

 

 

4.

Ова беше пред 35 години во средно. 18-годишна девојка седеше во нејзиното BMW и му викаше на полицаецот: „Не можеш да ме уапсиш! Мојот татко е доктор, тој е богат! Не смееш да ме допреш!“

5.

Видов девојка која го фрли на земја новиот iPhone и почна да го гази за да се скрши екранот затоа што сакала нов, бидејќи овој не бил златно розев.

6.

Кога бев основно, еден другар правеше забава за сите деца во училиштето. Меѓу другото мајка му нарача и 10 пици. Кога стигнаа, беа исечени на квадрати. Другарот се изнервира затоа што сакал триаголници, па мајка му ги фрли сите пици и нарача нови

 

 

7.

Еден колега на факултет беше многу изнервиран дека неговите му купиле обичен Мустанг кога тој сакал некој друг. Па се одлучи да го пушти автомобилот во океанот. Погодете кој имаше нов сјајен Мустанг 302 2 за две недели?

8.

За малку сите ќе требаше да се симнеме од авионот и да не полетаме затоа што една жена напред го извадила кучето од транспортерот и не сакаше да го врати внатре.

 

9.

На 16-годишен дечко од моето школо му здосадила турата во Грција, па исчезна од хотелот и си изнајмил јахта. Конечно го најдовме во Монако.

 

10.

Мојата сестра збесна затоа што нејзиниот богат дечко и купил Форд, а не Мерцедес. Подоцна си доби и Мерцедес.

11.

Мајката на мојот цимер во студентскиот дом се јави на рецепција и се дереше како биле две недели и никој не ја исчистил собата на син ѝ.

12.

Работам во маркет. Еден ден влегува една жена и прашува што е на акција. Колешката ѝ објасни дека секоја цена што е со жолто е на акција. Жената ја погледна мртва ладна и ѝ рече дека таа нема време да гледа за жолти знаци, така да сака колешката да ѝ наброи се што е на акција.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *