„Дедо Мраз ни донесе малку поинаков подарок оваа година“, велат изненадените домаќини од Јужна Африка, откако смртоносен гостин го посетил нивниот дом
Смртоносна црна мамба се пикнала во дом на семејство во Квинсбург, Јужна Африка.
Се чини дека долгата змија го истражувала празничниот аранжман пред да се свитка и да се скрие зад основата на дрвото.

„Дедо Мраз ми остави божиќен подарок“, напиша ловецот на змии Ник Еванс во објава на „Фејсбук“ за инцидентот. Ова не е прв пат змија да се најде во неговиот дом.
Црните мамба се едни од најопасните змии познати на човекот. Само еден гриз ослободува невротоксин со брзо дејство кој може да убие човек за 20 минути што предизвикува брзо исклучување на неговиот нервен систем.
Змиите потекнуваат од Африка и можат да се најдат во карпести области или отворени шуми.
За жал, понекогаш змиите го наоѓаат својот пат во повеќе станбени области во потрага по храна – како што се стаорци или диви мачиња.
Оваа конкретна змија влегла внатре откако била забележана од работник во куќата.

„Па, всушност, змијата била надвор кога градинарот ја вознемирил. Потоа се оддалечила од него, од страв, ја видела отворената врата и се пикнала внатре“, вели Еванс.
„Семејството беше прилично шокирано како што можете да замислите. Тоа е едно од позабавните места каде што сум нашол мамба“.
Во меѓувреме, друго семејство во Квинсленд, Австралија прими несакан посетител на почетокот на оваа недела, змија со црвен стомак којашто нивната мачка ја спуштила меѓу подароците под нивната елка.
Гунтер Гласер од „Дарлинг Даунс Снејк Чечерс“ рече дека бил повикан на имотот во Хемптон, западно од Бризбејн, за да ја фати змијата.
.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно