Баба во автобус од Скопје за Битола (виц)
Една баба седнува зад возачот на автобусот од Скопје за Битола и му вели:
– Момче, да ми кажеш кога ќе стигнеме во Велес!
– Немај гајле бабо, ќе ти кажам!
Автобусот возел, возел, стигнал речиси до Прилеп, кога бабата пак го прашува возачот:
– Момче, уште многу ли има до Велес?
Возачот сфаќа што направил, размислува брзо, како да ја остави бабата сама толку далеку, го врти автобусот и вози назад. Вози 50 минути и конечно, со брзање стигнува во Велес.
– Еве го Велес бабо, стигнавме. Ајде симнувај се!
– Ама јас не сум за Велес!
– Што???
– Ќерка ми ми рече да го испијам апчето кога ќе стигнеме во Велес.