Љубезен гест за возврат: Погледнете како оваа 93 годишна баба се грижи цели 50 години за локалните ѓубреџии кои го средуваат нејзиното маало
Една 93-годишна пензионерка ја задржала дарежливата традиција давајќи им на локалните ѓубреџии по едно пакување бисквити секоја недела – нешто што таа го прави педесет години.

Хилари Манестер, вдовица која живее во Микливер, Дерби, се задржала на својата великодушна навика да ги развеселува работниците кои се грижат за отпадот во нејзиното маало давајќи им пакети „McVite’s Digestives“ или „Fox’s Milk Chocolate Rounds“ кога ќе дојдат да и ги земат кантите.
Таа изјави за „Derbyshire Live“: „Тоа е ужасна работа и тие се надвор на сите временски услови. Тие се многу љубезни и благодарни.
љ
Возраста на Хилари значи дека таа не може сама да ги извади кантите и нејзините љубезни ѓубреџии и тропаат на нејзината врата за да ги земат кантите од гаражата и да ги однесат до камионот за да и помогнат – таа им враќа со тоа што ќе се погрижи да имаат пакет бисквити за носење дома.
Пензионираната Хилари, која го поминува своето време плетејќи кукли за пациентите со рак откако и самата страдала од болеста, го започнала обичајот кога живеела со нејзиниот покоен сопруг во блискиот Алвастон – и продолжила дури и откако тој умрел.

Коментирај анонимно