„Само сакав да го најдам Дедо Мраз!“, мајка ја споделува урнебесната приказна за „исчезнатиот“ син, кој бил најден во оџакот како го бара белобрадиот дедо

Избезумената потрага на една мајка по нејзиното мало дете добила смешен пресврт кога го затекнала како се обидува да се качи по оџакот за да го најде Дедо Мраз.

Киера Медисон (23) од Детроит, Мичиген, рекла дека неколку минути не можела да го најде својот двегодишен син Џеси во нивниот семеен дом на Бадник. Потоа го открила покриен со саѓи, како се обидувал да се качи на оџакот.

 

 

Мајката рекла дека Џеси изгледал прилично срамежливо кога го открила во огништето и кога го прашала што прави, тој одговорил: „Сакав да го најдам Дедо Мраз“.
Потсетувајќи се на настанот, мајката раскажа: „Го барав Џеси насекаде и конечно го најдов во оџакот. Мислам дека беше таму неколку минути или така. И неговата сестра се обидела да го следи“.

 

Откако направила неколку фотографии, Киера рекла дека мора да го измие Џеси во када и да го пресоблече.

Фотографиите објавени на „Фејсбук“ го документираат инцидентот со лицето и рацете на Џеси намачкани со саѓи.
Многу коментатори ги оценија сликите како „слатки“ и „урнебесни“, а Киера исто така рече дека обидот на нејзиниот син да го најде Дедо Мраз и бил забавен.

 

Едно лице откако ги виде фотографиите, искоментира: „Ми се допаѓа начинот на кој ова мало дете презема иницијатива! Нема потреба да пишувате писмо. Нема потреба да одите во пошта. Тој само ќе оди директно до оџакот!“

Среќа е што детето било откриено набргу и не се заглавило во оџакот.

  • KiroShoNeDavaPlata напиша:

    liceto i racete crni, a pizamite cisti.. somnitelno

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *