Трагедија каква што нема ни на филм: Двајца сопружници умираат еден по друг во рок од 10 часа разлика, од различни типови на рак, оставајќи ги трите деца во шок и неверување

Двајца сопружници од Јужна Дакота починале од рак во рок од 10 часа разлика, два дена пред Божиќ, оставајќи ги нивните три деца во шок и неверување.

 

 

Стив Хокинс (58) и Венди Хокинс (52) починале од различни видови на рак во иста болница во Јенктон во петокот, соопштија членовите на семејството.

Стив се борел со болеста пет години, додека Венди починала по пократко боледување, се вели во соопштението со кое се потврдуваат смртните случаи. Останува нејасно каков тип на рак има секој од нив.

 

 

Децата на двојката, сите во нивните 20-ти, останаа во оптерет по загубата на двајцата родители.
„Ова беше многу трагично искуство“, напиша синот Трентон Хокинс во апелот на „GoFundMe“ за да се соберат пари за трошоци за погреб. „Тие беа прекрасни родители и многу добро се грижеа за нивнотосемејство“.

Заедничката комеморација за Стив и Венди ќе се одржи во католичката црква „Сакрад Харт“ во Јанктон во пролетта 2023 година. Конкретен датум допрва треба да се одреди.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *