7 докази дека Рејчел од „Пријатели“ и во реалниот живот е вистинска пријателка, каква што секој би посакал да има крај себе

Човекот се познава по друштвото. Одржувањето пријателство кога сте светски позната актерка може да биде навистина тешко, но Џенифер Анистон е една од ретките холивудски ѕвезди што може да се справи со тоа. Еве неколку факти кои докажуваат зошто таа е одлична пријателка.

1. Не ги заборава своите добри, стари пријатели.

Не секој може да го издржи тестот на славата. Познатите личности често ги губат главите откако ќе станат познати и брзо забораваат на луѓето што ги познавале кога ја започнале кариерата. Но, не Анистон. Таа всушност ги одржива своите пријателства со ѕвезди како Рис Витерспун, Менди Мур, Кортни Кокс и Лиза Кудроу. Анистон ја познава и нејзината најдобра пријателка Андреа Бендевалд од својата 14-та година.

 

2. Таа останува позитивна.

Џенифер Анистон помина низ многу искушенија. Сепак, таа се спаси себеси со тоа што остана позитивна. Таа избира да гледа на светот оптимистички, велејќи „Можеш или да се лутиш или да бидеш маченик, или можеш да кажеш: „Имаш лимони? Ајде да направиме лимонада“.

Можеби затоа има пријатели дури и таму каде што треба да има непријатели. На пример, Сандра Булок и Џенифер Анистон се блиски пријателки и покрај фактот што и двете се забавуваа со Тејт Донован во 90-тите. И наместо да се натпреваруваат, актерките се шегуваат нарекувајќи го Тејт „нашето поранешно момче “.

 

3. Брза да биде покрај пријателите во тешките моменти.

Нејзината најдобра пријателка во „Пријатели“, Моника односно Кортни Кокс имаше 7 неуспешни обиди да забремени пред да ја роди својата ќерка Коко. Колку е страшно да се игра среќна Моника во такви моменти знаеле само оние кои биле блиски со актерката. Анистон беше една од луѓето кои ја зедоа Кокс под нејзина закрила и ја поддржуваа кога имаше спонтани абортуси. Денес, актерката Рејчел Грин е кума на ќерката на Кокс.

 

4. Понекогаш таа е таа штo најмногу била присутна

Метју Пери се сети во едно интервју колку напорно се обидувал да ја скрие својата зависност од неговите колеги од „Пријатели“. Анистон била таа што му подала рака на помош, а Пери сè уште ѝ е благодарен за тоа. И сега, додека актерот Чендлер Бинг е подготвен да ја раскаже својата приказна за неговите борби во неговата книга „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“, Анистон сè уште е тука за него.

 

5. Наместо да се чувствува љубоморна, таа се радува на своите успешни колеги.

Анистон ги гледа креативните достигнувања на другите актери и актерки и искрено се радува на успехот на нејзините колеги. Таа беше една од првите што ја покажа својата поддршка за Дру Баримор кога објави најава за лансирањето на нејзиното ново дневно ТВ шоу. Анистон исто така беше една од гостите на Дру и јавно ја изрази својата љубов кон Баримор.

 

6. Искрено се грижи за своите другари.

Џенифер Анистон и Адам Сендлер се запознале кога имале околу 14 години. Ова познанство станало вистинско пријателство. Исто така, вреди да се напомене дека Анистон и сопругата на Сендлер, Џеки, одлично се сложуваат, па дури и формирале некаков „таг-тим“. Актерот призна дека го охрабриле да внимава на своето здравје, да пие зелени шејкови и повеќе да вежба.

 

7. Таа знае да биде благодарна.

Во своите интервјуа, Анистон често им се заблагодарува на другите луѓе за работите. Таа им се заблагодарува на родителите и покрај тоа што имала трауматично детство. Болното искуство ја поттикнало да се промени на подобро. Анистон исто така не жали за двата разводи, како што објаснила „Не чувствувам празнина. Моите бракови беа многу успешни“.

Анистон секое утро запишува список со благодарност. Можеби ова е клучот за среќата.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *