„Потрошив 8000 евра на ветеринар откако ми кажаа дека мојата мачка може да има ретко нарушување, за на крај да ми дадат одговор кој досега го немав слушнато“

Студентката по музика Абигејл Лејкер (23) од Салфорд, се заљубила во нејзината мачка Мус кога ја купила минатата година. Но, кога ја однела Мус на ветеринар за да биде стерилизирана, таа се загрижила кога ветеринарите укажале дека диши чудно и потребни се анализи.

 

 

Ветеринарот ѝ рекол на Абигејл дека не сакаат да ја спроведат процедурата доколку има посериозна здравствена состојба, посочувајќи дека нејзиното дишење е многу брзо што може да укаже на сериозен проблем. Сфаќајќи дека Мус се задишува и дише многу брзо Абигејл била загрижена дека таа може да има сериозни проблеми.

Меѓутоа, по неколкумесечни прегледи и тестови, на Абигејл ѝ олеснало кога ѝ кажале дека нема ништо лошо со Мус и дека е само малку чудна.

Абигејл објаснува: „Специјализиран ветеринар заврши со дијагноза на Мус, тој во основа ми кажа дека Мус е само малку чуден. Што беше олеснување, но чинеше 8000 фунти за да го откријат тоа. Тој рече дека го направиле секој тест што можеле и дека дишењето на Мус не е поврзано со нејзиното срце или бели дробови и веројатно е само однесување. Тоа беше чуден одговор“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *