Со бастун и 50 долари на сметка 82-годишна бабичка работи во маркет за да ги исплати медицинските сметки, но со гест од странец таа остана без зборови (ВИДЕО)
82-годишна работничка од Волмарт, која мора да се движи со бастун и имала само 50 долари на својата банкарска сметка, добила повеќе од 130.000 долари подарени од љубезни странци.

Карман Кели (82) од Аризона, работела во Apache Junction Walmart малку повеќе од две години за да може да ги исплати нејзините огромни медицински сметки.
„Па, неколку пати бев во собата за итни случаи и останав без пари“, изјави таа, смеејќи се. „Мојот живот беше горе-долу, горе-долу. Тие велат дека ова се златни години, но што е златно во нив? Моите пари од Walmart, ми помогнаа да платам храна и бензин и други работи“, изјави таа.

Светот на Карман станал многу позлатен откако таа ја запознала Лиз Ризо, која пазарувала во продавницата и забележала дека работничката во Волмарт е потпрена на бастун.
„Кога ја видов кога влегов низ вратата, моето срце само се отвори“, изјави Лиз за медиумот. „Постарите во светот треба да бидат згрижени затоа што тие се грижеа за нас“.
На видео на ТикТок, кое е прегледано 15,5 милиони пати, Лиз ја прашува дали треба да работи овде. Карман одговора: „Да“. И на прашањето зошто Волмарт не ѝ обезбедил стол, таа ѝ рекла на Лиз: „Нема потреба, го имам ова“, укажувајќи на нејзината количка и бастун. Според неколку вработени со кои Лиз разговарала, политиката на компанијата вели дека вработените не можат да седат во текот на нивните смени.
Лиз започнала GoFundMe за Карман, поставувајќи ја целта на 10.000 долари – вкупниот износ на нејзините медицински сметки – кои тие првично мислеле дека никогаш нема да бидат исполнети. Но, на големо изненадување на Карман и Лиз, за две недели собрале 133.000 долари. Кога започнала со собирање средства за Карман, не ни знаела дека постарата жена има само 50 долари на нејзината банкарска сметка, за кои рекла дека „ќе ѝ траат до следната недела“.
Се очекува Карман да ги добие парите пред нова година.
Во ажурираното видео, Карман им се заблагодари на странците кои ѝ помогнаа и рече дека „се надева“ дека ќе се пензионира откако ќе ги искористи парите за да ги плати медицинските сметки.

„Мојот живот ќе се промени толку многу“, изјави Карман. „Тоа е чудо. Не можам доволно да ти се заблагодарам“, ѝ кажала на Лиз, која ја нарекува својот „ангел чувар“. Како Бог да ми ја испрати. И навистина се чувствувам така бидејќи таа беше апсолутно прекрасна. Ова ќе бидат златни години за мене!“ изјави таа со светла насмевка на лицето.

Коментирај анонимно