Од каде доаѓаат бебињата? (виц)

Ќеркичката:
– Мамо, мамо, тетка Мими ќе си има ли бебе?
Мајката:
– Да.
Ќеркичката:
– А каде е тоа сега?
Мајката:
– Паа… Во мешето на тетка Мими.
Следува долга пауза.
По некое време разговорот продолжува:
– Мамо, нели ми рече дека ако го шмукам прстето и тоа е нечисто, во мешето ќе ми се направат глисти. Што шмукала тетка Мими за во стомакот да ѝ се направи бебенце?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *