Новогодишна честитка од тимот на Мотика

2022 беше година на победи

Многумина велат 2022 беше тешка година и никогаш да не се повтори, но секоја битка е тешка, а оваа ја извојувавме машки. Го победивме вирусот, ги фрливме маските, си ја вративме слободата. Застанавме на нозе. Се знаеше дека следува економска криза, еве ја поминува и таа. 

Псоле годината на победи, следува…
2023 година на уживање во плодовите на победата

Во новата година радувајте им се на малите моменти кои го прават животот прекрасен.

Поминувајте повеќе време со најблиските.

Шетајте во природа.

Отпатувајте во некоја друга держава.

Научете нешто ново.

Ценете ги луѓето кои секогаш биле тука за вас.

Покажете му на светот кои сте.

Сакајте си ја земјата затоа што злато вреди. Семка да ти падне од џебот ќе никне нешто.

И најважното за крај…
Не дозволувајте никој да ве плаши!