13 актери кои се пониски во реалниот живот, па филмаџиите нашле начин да нѐ излажат дека се повисоки

Обично филмаџиите прават сѐ што е можно за актерите да изгледаат како ликовите што ги играат. Некои актери мораат да ја фарбаат косата, други мораат да работат на својот акцент или да вежбаат во теретана со месеци. И понекогаш на крајот мора да играат лик кој е многу понизок или повисок од нив. И ако е така, филмаџиите треба да користат различни трикови за да го постигнат потребниот ефект.

Кристен Стјуарт

 

Бела Свон и Едвард Кален од филмскиот серијал „The Twilight Saga“ станаа иконски пар. Тие изгледаат толку убаво заедно: тој е висок, а таа е малку пониска. Но, во реалноста, висинската разлика помеѓу двајцата актери е многу поголема. Кристен е висока 165 сантиметри, додека Роберт е висок 185 сантиметри.

 

Џилијан Андерсон

Висината на Дејвид Духовни е 182 сантиметри. Значи, не е ни чудо што неговата партнерка на екранот морала да изгледа повисоко отколку што навистина е (160 сантиметри). Според Андерсон, кога нивните ликови влегувале во соба и требало да ги покажат своите значки, таа морала да се поткачи на нешто за таа и Дејвид да бидат на исто ниво.

 

Џош Хачерсон

Се чини дека одговорните за снимањето на „Игрите на гладта“ успеаја да ја прикријат разликата во висината помеѓу двајцата главни актери бидејќи Џош Хачерсон е многу понизок од неговата колешка Џенифер Лоренс. Тој е висок 165 сантиметри, а таа 175 сантиметри.

 

Даниел Редклиф

Ова е уште еден пример за тоа како филмаџиите успеале да ја намалат разликата во висината меѓу актерите на минимум. Во реалниот живот, Даниел Редклиф е многу понизок од Ема Вотсон и Руперт Гринт. Но, според Редклиф, неговата висина не го спречила да изгради успешна кариера. На пример, Том Круз или Дастин Хофман се исто така ниски, но тие се одлични актери и имаат извонредни кариери.

 

Роби Колтрејн

Во книгите, Хагрид бил двојно повисок од обичен човек. Но, иако актерот кој го толкуваше овој лик е прилично висок (182 сантиметри), тој не бил доволно висок. Еднаш, режисерот на првите 2 филмови за Хари Потер дури се пожалил дека сака Хагрид да биде поголем, но тие немаале ресурси или пари да создадат CGI верзија на Хагрид. Така, тие најмиле рагбист во џиновски костум на Хагрид кога ги снимале широките кадри.

 

Роберт Дауни Џуниор

Во филмот „Iron Man“, Тони Старк е повисок од неговиот асистент, но во реалниот живот, Роберт Дауни Џуниор е висок 172 сантиметри, а Гвинет Палтроу е 175 сантиметри. Освен тоа, таа секогаш носи високи потпетици во филмот.

Така, филмаџиите морале да вложат напори за Роберт да изгледа повисок од неговата колешка. На крајот, Роберт морал да носи штикли.

 

Ингрид Бергман

Ако внимателно го гледате филмот „Казабланка“, може да забележите дека разликата во висината помеѓу актерите Хемфри Богарт и Ингрид Бергман се менува во текот на филмот. Филмаџиите дале се од себе за да го сокријат фактот дека Ингрид е повисока од нејзиниот колега. Така, за да создадат илузија дека е обратно, филмскиот режисер го натерал Богарт да стои на кутии или да седи на перници.

 

Мајкл Кларк Данкан

Во филмот „The Green Mile“, Мајкл Кларк Данкан изгледа како џин во споредба со другите актери. Во реалноста, тој е само 5 сантиметри повисок од Дејвид Морс. Исто така, не можеме да кажеме дека Данкан е многу повисок од Том Хенкс. Данкан е 195, Хенкс е 182, а Морс е 190.

За да создадат илузија дека Данкан е многу висок, филмаџиите користеле различни трикови. На пример, креветот на Кофи бил направен пократок со цел актерот да изгледа како џин на него. Истиот трик се користел и на другиот мебел.

 

Скарлет Јохансон

Многу ликови од универзумот на Марвел мораа да поминат низ физички трансформации во текот на приказната. Капетан Америка, на пример, беше прикажан низок и слаб пред да стане суперхерој, а тоа беше направено со помош на компјутерска графика. И колешката на Крис Еванс, Скарлет Јохансон, морала да стане повисока за да изгледа добро спроти него. Таа е висока 160 сантиметри, додека Еванс е 182 сантиметри.

 

Том Харди

За да го прикаже негативецот Бејн во филмот „The Dark Knight Rises“ , Том Харди морал да работи напорно во теретана и да научи да користи специјална гласовна кутија која била дизајнирана да го направи да звучи позлобно. Освен тоа, тој е понизок од Кристијан Бејл. Па Харди морал да носи чевли за зголемување на висината со платформи кои биле високи околу 7 сантиметри.

 

Мајли Сајрус

Во филмот „Последната песна“, Мајли Сајрус е пониска од нејзиниот колега, Лијам Хемсворт, но сепак јазот не е толку голем како што е во реалниот живот. Во реалноста Мајли е 165 сантиметри, а Лиам е 193 сантиметри.

 

Аманда Сејфрид

Друго главно дуо со голема разлика во висината се Аманда Сејфрид (160) и Џастин Тимберлејк (177). Во едно интервју, таа откри дека всушност носела штикли кои се пониски од обичните дизајнерски потпетици, но сепак за неа било навистина предизвик да трча со нив.

 

Рис Витерспун

Кога таблоидите пишуваат за ниските познати личности, тие обично ја споменуваат Рис Витерспун, која е висока 154 сантиметри. Во филмот „Вода за слонови“ , таа глумеше покрај Роберт Патинсон. А филмаџиите завршија одлична работа бидејќи големата разлика во висината меѓу актерите е речиси незабележлива (Паттинсон е висок 185 сантиметри).

  • Жарко Г. напиша:

    А, Том Круз…каде е!?
    Тој е КЕПЕЦ над кепеците

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *