Грешки во шминкањето кои прават да изгледате ПОСТАРО – и совети како да бидете помлади со правилен начин на шминкање

Од користење премногу коректор до избор на погрешна боја на кармин, шминкерка сподели неколку грешки кои автоматски можат да направат да изгледате постаро – и откри како можете да ги поправите за да бидете сигурни дека изгледате младешки како и секогаш.

 

Андреа Али, со седиште во Париз, зборуваше за сите начини на кои луѓето имаат тенденција „да стареат“ користејќи шминка, во едно неодамнешно видео на YouTube.

„Нема ништо лошо во тоа да се биде стар. Тоа е сосема природен процес. Не дозволувајте општеството или социјалните мрежи да ви кажат поинаку“, започна таа во видеото. „Меѓутоа, кога ќе додадете години на вашето лице поради шминката, тогаш имам проблем со тоа“.

 

 

Таа објасни дека едноставните работи како што се премногу темни веѓи или ставање црн молив и многу туш, може да резултираат со тоа да изгледате многу постари отколку што сте всушност. Таа додаде дека популарните трендови како „baking“ и контурирање, исто така, можат да додадат години на лицето на една личност и да ги истакнат нивните брчки наместо да ги покријат.

 

 

Според Андреа, еве ги сите грешки што ги прават луѓето кога се шминкаат, а кои резултираат да изгледаат постаро отколку помладо.

 

Користењето на премногу коректор може да ги нагласи брчките наместо да ги покрие

Користењето премногу коректор е лесен начин може да се остарете. Иако може да направи вашата кожа да „изгледа неверојатно“ на сликите и на камерата, во реалниот живот „изгледа навистина лошо“.

Функционира ако правите фотосесија или ако сакате да снимате видео, но во реалниот живот е поинаку. Ако нанесете премногу коректор, тоа ќе изгледа навистина лошо. Имаме многу движење околу очите и ќе се „тутка“. Ќе изгледа многу суво. Никој не треба да става толку коректор во реалниот живот. Наместо тоа, нанесете малку на местата на кои би сакале да внесете повеќе светлина.

 

Baking односно техниката печење може да направи вашата кожа да изгледа позатегната – и да изгледа како испукана ако имате брчки

Треба да се избегнува „baking“ – што вклучува земање добра количина прашок, нанесување под очите, оставајќи го да отстои неколку минути, а потоа се вади – ако не сакате да изгледате постаро.

Процесот стана популарен во последниве години и се вели дека прави вашата шминка да остане подолго – сепак може да има контраефект оние кои имаат над 35 години.

 

Печењето може да изгледа добро ако имате 16 години и немате брчки бидејќи нема што да се гужва. Но, ако имате 35 и повеќе години, верувам дека е непотребно. Процесот е тежок за кожата, многу ја суши и ги затвора порите. Тоа е апсолутно ужасно. Можеби на почетокот ќе ви се допаѓа како изгледа, но дефинитивно ова ќе ве остари.

 

Контурирањето исто така може да направи да изгледате постаро – затоа наместо тоа користете бронзер и руменило

Уште една работа која може да додаде непотребни години на вашето лице е контурирањето. Наместо тоа да се користи бронзер и руменило.

Контурирањето на лицето е нешто што сите го сакаме затоа што ни дава структура, но вистината е, колку старееме, толку помалку треба да контурирате и повеќе сакате да се фокусирате на нанесување производи кои ја загреваат вашата кожа како руменило.

Контурирањето има тенденција да го направи вашето лице да изгледа послабо, а младоста често се поврзува со „позаоблено лице“.

 

Ако ги направите вашите веѓи премногу темни и дефинирани, може да станат лажни

Веѓите се важен аспект на вашето лице бидејќи тие „ви даваат израз“ и треба да изгледаат што е можно поприродно Ако ги направите премногу темни или дефинирани може да изгледате постаро, како и да изгледаат како да се лажни. Кога ги правите тие „суперсовршени“ веѓи, тие можеби изгледаат добро на сликите, но во реалниот живот, тоа прави да изгледате многу строго, никој нема да сака да ви пријде.

Ставањето црно моливче под очите или премногу туш може да биде голема грешка – но маскарата може да ви биде најдобар пријател

 

Што се однесува до очите секогаш треба да избегнувате црн молив ако сакате да изгледате младешки.

Ако користите црна боја околу очите, тоа е тоа – плус 5, 10, 15 години. Тоа не само што ве старее, туку ви дава многу остар изглед. Особено ако користите црна боја под очите. Наместо тоа треба да користите темно кафеава или темно сина боја и да ги нанесете многу блиску до линијата на трепките.

 

А маскарата е секогаш задолжителна. Таа ќе ви ги отвори и ќе ви ги зголеми очите. Погрижете се да ја нанесете од коренот.

 

Некои бои на кармин не функционираат за одредени луѓе, па затоа е важно да научите кои нијанси ви изгледаат добро

Последниот совет на Андреа за да не стареете со шминка е да бидете сигурни дека не користите боја на кармин што не ви одговара. Но за карминот со боја на кожа одговорот е секогаш НЕ. Кога ставате беж кармин, тоа веднаш ви го одзема животот на лицето. Последно, но не и најмалку важно, сјајот за усни е речиси секогаш задолжителен кога сакате да спречите да изгледате старо – освен ако не сте се одлучиле за многу светла боја.

Но на крајот, Андреја заклучи: „Сè има исклучоци, па ако една од грешките што ти ги покажав работи за тебе и апсолутно ја сакаш, слободно применувај ја“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *