Жената освоила 175.000 долари на грепка што ѝ ја подарил „тајниот Дедо Мраз“ на работа
„Таен Дедо Мраз“ е една популарна игра за новогодишните празници. Вработените влечат ливчиња со имињата на сите од фирмата и кое име ќе ти се падне, треба да му купиш подарок на тој човек, но тоа го правиш тајно и го оставаш под елката со неговото име на подарокот. Никој не знае од кого му е подарокот.
Така Американката Лори Џејнс добила необичен подарок. Во нивната фирма имале правило подароците да не се поскапи од 25 долари. Тајниот колега решил да ѝ купи грепки за таа сума. Едната од грепките била добитна, а сумата била неверојатни 175.000 долари.



Коментирај анонимно