Ријана отворено зборува за мајчинството: Кој е најдобриот совет кој мама Рири, како тазе мајка, го споделува со нас?
Неодамна, Ријана го објави својот прв „TikTok“ и на сите им го покажа својот син. 34-годишната пејачка го снимила како е врзан на неговото седиште во автомобилот. Сега, таа е мајка и нејзиниот живот се промени, но сѐ уште се сеќава на сите совети кои ги добила за време на бременоста.

За време на бременоста, Ријана размислувала каква мајка ќе биде и дошла до заклучок дека ќе биде супер-заштитничка: „И тоа многу ми одекнува бидејќи чувствувам дека таква мајка ќе станам“, изјави таа во текот на бременоста.

Кога ќе станете мајка, природата се менува, а вашето дете станува ваш прв приоритет. Ријана вели дека би можела да оди чекори подалеку од сцената и да ги брани своите деца со секоја цена.

Пејачката доби многу совети за мајчинството, а посебно се сеќава на еден: „Веројатно најдобриот совет е да спиеш сега бидејќи нема да можеш подоцна. Треба да работам на тоа пред да стане минато“.

Ѕвездата сподели и дека омилен дел од денот и се утрата: „Утрата, кога го гледам неговото утринско лице! Тоа е најслаткото, тоа е мојот омилен дел од денот “.
На Ријана и посакуваме среќно мајчинство и се надеваме дека ќе ја видиме како продолжува да ужива во тие мали, едноставни, радосни моменти.
Каков совет би им дале на трудниците или младите мајки? Кој е вашиот омилен дел од мајчинството?

Коментирај анонимно