„Замени „Ферари“ за „Твинго“ и „Ролекс“ за „Касио“- Шакира го напаѓа Пике и неговата нова девојка со којашто ја изневери, во нејзината нова песна на шпански
Шакира беше обвинета за „интернализирана мизогинија“ откако ги откри стиховите во нејзината нова песна, кои навидум ја погодија новата девојка на нејзиниот поранешен маж Жерар Пике, Клара Чиа Марти.
Колумбиската пејачка (45) соработуваше со продуцентот Бизарап на сосема нова песна, која беше објавена на шпански во средата.

Пејачката и текстописец, кристално јасно кажува дека мисли на 23-годишната девојка за со која се шпекулира дека нејзиниот поранешен партнер почнал да излегува минатата година пред да се разделат, велејќи: „Замени „Ферари“ за „Твинго“. Замени „Rolex“ за „Casio“.

Шакира и Џерард во јуни објавија дека се разделуваат по 11 години заедно и имаат два сина – Милан, девет и Саша, седум заедно.
Многу луѓе ја обвинија Шакира за недоличниот текст, но многумина исто така ја бранеа: „Она што се случува само покажува дека сè уште постои ниво на мизогинија, на оние кои претпочитаат жената да го спроведе својот процес во тишина и без да се мачи“.
Од раскинувањето, Џерард е забележан како страсно се бакнува со својата нова девојка Клара и се чини дека тие се далеку од криењето на нивната нова врска.
„Јасно“ на англиски се преведува како „Claramente“ на шпански, јасно упатувајќи на Клара, како што истакна еден фан.

Друг дел од песната вели: „Од љубов до омраза има само еден чекор“, пред Шакира да додаде: „Без тешки чувства душо, ти посакувам сѐ најдобро со мојата наводна замена“.
Само мал дел од текстот беше објавен на интернет пред светското објавување, а се однесува на дел од песната каде мајката на две деца пее: „Преголема сум за тебе, затоа си со некој исто како ти“ пред да продолжи: „Не се враќам кај тебе, дури и ако плачеш или молиш“.

Таа, исто така, употреби друга игра на зборови на шпански со зборот „salpique“.
Џерард, кој доби два сина со Шакира за време на нивната 11-годишна врска, се чини дека одговори на отровните стрели фрлени кон него и неговата нова партнерка пред целосното објавување на песната со „твит“ со циркуски емотикони.
Не е првпат Шакира навидум да го нападне Џерард во својата музика откако се осврна на „неопходната“ разделба со бившата која е „ладна како Божиќ“ во нејзината песна „Монотонија“.
Песната, „Монотонија“ започнува со тоа што Шакира пее на шпански: „Не беше твоја вина, ниту беше моја. Беше виновна монотонијата. Никогаш не кажав ништо, но ме повреди. Знаев дека ова ќе се случи“.
Шакира наводно останала „уништена“ од откриената снимка од август 2021 година, која е снимена десет месеци пред да објави дека се разделила од нејзиниот 11-годишен партнер.

Клара Чиа Марти се чини дека е во позадина на интервјуто кое фудбалерот го прави од неговата семејна куќа во Барселона, додека Шакира наводно била во странство со нивните две деца.
Џерард излезе во јавноста со својата нова девојка и колешка, Клара Чиа Марти (23), откако минатото лето потврди дека се разделил со Шакира.
На снимката од интервјуто се гледа како жена слична на Клара влегува во кадарот додека Џерард зборува со американскиот сервис за видео стриминг во живо „Twitch“.
Зборувајќи за „Page Six“, инсајдер тврди дека Џерард (35) и Шакира (45) во тоа време сè уште живееле „среќно заедно“.

Изворот рече дека пејачката била уништена кога дознала дека оваа жена очигледно се чувствувала како дома во куќата што ја делеле со нивните деца, додавајќи: „Тогаш тие сè уште беа заедно“.

Поранешниот пар објавија дека се разделуваат во јуни по 11 години заедно, а неодамна изјавија дека ќе дојдат до соодветен договор за нивните деца по 12-часовен разговор.
Зборувајќи за разделбата во септември, Шакира призна дека тоа било „неверојатно тешко“ време за неа и за семејството.
Во меѓувреме, Џерард и Шакира наводно се договориле да ја продадат ексклузивната вила во Барселона каде што ги одгледале своите два сина.

Коментирај анонимно