„Не дојде во болница кога се породив, зашто бил УМОРЕН“ – Жените откриваат како знаеле дека врската е осудена на пропаст
На британскиот родителски форум Mumsnet, една неименувана жена тврдеше дека нејзината последна капка била кога нејзиниот сопруг не се јавил да провери дали е добро откако од нејзиното работно место го известиле дека не се појавила. Жената објаснила дека никогаш не му простила на својот сопруг, кој го дал изговорот „да имаше нешто полицијата ќе ме контактираше“, доколку таа доживеала несреќа.
Па така повеќе жени се приклучија кон ова признание и напишаа дел од своите приказни. Една напиша дека знаела дека бракот е готов кога нејзиниот сопруг добил „картичка“ од бившата, а додека друг сопруг ја донел својата девојка кај нив дома, додека жената била во болница.
Оригиналниот пост започна со објаснување на нејзината приказна велејќи: „Кој беше вашиот момент знаевте дека вашиот брак е осуден на пропаст?“

1.
Тој е добар човек, вреден, лојален, па јас никако не сакам да го насликам да биде лошиот. Сепак, не можам да престанам да размислувам за нешто што ми рече, и во тој момент знаев дека тоа е тоа, дека сакам повеќе. За време на навистина лошото време пред Божиќ – снег, ветер, силен дожд… Имав состанок во 9 часот на работа. Доцнев 20 минути на работа (не многу време, но сепак!). Од работа не знаеја каде сум и се обидувале да ми се јават да видат дали сум добро, бидејќи лицето со кое требаше да се сретнам чекаше да пристигнам. Случајно му се јавиле на мојот контакт за итни случаи, кој во тој момент беше мојот наскоро бивш сопруг. Му рекле дека е грешка што му се јавиле бидејќи се обидувале да ме добијат мене, бидејќи не сум се појавила на работа. Тогаш пристигнав на работа, побрзав за на состанокот, а подоцна ми беше кажано за овој повик до мојот сопруг, што целосно го заборавив додека не отидов дома таа вечер. Кога бев дома, и откако вечеравме и гледавме телевизија, ми се појави во главата. Прашав „Мојата работа рече дека ти се јавиле денес, зошто не кажа ништо?“.
Тој: Ох, заборавив на тоа, нешто за тебе, дека не си се појавила на работа.
Јас: Да, но зошто не се обиде да ме контактираш за да се увериш дека сум добро, можев да доживеам несреќа.
Тој: Бев зафатен на работа, рекоа дека ќе те контактираат“.
Јас Знам, но не беше ли загрижен? Што ако бев во несреќа, немаше ли да се чувствуваш виновен?
Тој: Сигурен сум дека ако си имала несреќа, полицијата ќе ме исконтактираше.
Мислам дека никогаш не сум му простила за тој коментар. Тој не беше на одлично место во тоа време, но не му беше грижа, ниту малку. Кој беше вашиот момент на еурека?
2.
Сè уште сум во брак. Имаме две ќерки, надевајќи се дека ќе биде полесно со текот на времето итн. Но, се случија неколку работи каде што мислев: „Никогаш нема да го заборавам ова и не сум сигурна дека некогаш ќе можам да му простам“. Еднаш беше кога нашата ќерка имаше 10 месеци. Таа имаше медицински проблем и требаше да ја однесеме во болница за да направат анализи. Врнеше снег и не можев да го извадам автомобилот, па морав да пешачам околу 40 минути таму. Ме остави да одам со неа во носач за бебиња со ноќна торба на грб сама во длабок снег додека тој работеше и „немаше поента и тој да доаѓа“ . Нашата втора ќерка беше изненадување. Кога бев бремена околу седум недели се возевме дома од одмор, тој ме обвини дека „манипулирав со бременоста“. Тој „сакаше да биде вклучен, но не беше сигурен во кое својство“ и „не беше сигурен дека сè уште ме сака“. Успеав да го пребродам ова, но болеше и го уништи она што требаше да биде среќно време. Имаме подеми и падови како што имаат повеќето парови, но овие никогаш нема да ги заборавам.
3.
Мојот поранешен беше алкохоличар. Имав мала операција и мораше да ме надгледува некој дома 24 часа. Го замолив да ми донесе лекови против болки додека излегувавме од таксито. Поминаа четири часа пред да дојде дома без таблети. Ќе експлодирав од нервоза. Таму и тогаш решив дека е готово.
4.
Мислам дека понекогаш е доволна и една „ситница“ , но сепак таа да биде огромен знак. За мене е кога се породив и тој не се појави во болница следното утро, затоа што бил УМОРЕН. Бев шокирана. Тоа беше единствениот момент кога навистина ми беше потребен и тој не беше тука. Пробав да преминам преку тоа, но не можев.
5.
Бевме да пазариме, кога се вративме дома, ја зема сметката и прешкрта од неа се што не јаде тој и ми даде пари само за останатите продукти. Знаев тогаш дека не можам да бидам во било каква врска со таков скржавец.
6.
Сред ноќ станав да одам до тоалетот, ама ја утнав скалата и паднав по скалите се до доле. Мојот поранешен сопруг ми помогна да станам и ме однесе во спалната. Бев во големи болки и му реков да се јави на Брза Помош, а тој ми одговори „Знаеш дека не сакам многу многу да зборувам со луѓе“, па самата се јавив на Брза Помош.

Коментирај анонимно