Шокантни слики ја покажуваат вистинската причина за болката во стомакот на четиригодишно момче
Четиригодишното дете било примено во болница откако се пожалило на „грчеви и абдоминална болка“. Неговите родители рекоа дека детето било лошо два дена пред да ја посети болницата и дека повраќало и имало запек.

По преглед на неименуваното дете, лекарите констатирале дека момчето има акутен апендицитис, односно воспаление на слепото црево. Но, откако бил подложен на апендектомија за отстранување на слепото црево, неговите болки во стомакот продолжиле.


Пет дена по процедурата, лекарите направиле повторен ултразвук и откриле нараквица во стомакот на детето. Малото момче имало итна лапаротомија за да се отстрани предметот – за кој се покажало дека е нараквица составена од 18 магнетни зрнца во хексагонална форма. Нараквицата му ги попречувала цревата, како и ископала четири мали дупки во нив, кои лекарите можеле да ги поправат.

Малото дете брзо закрепнало и било отпуштено, со прегледи кои покажале дека е во добра здравствена состојба по стравот, за кој подоцна беше објавено во медицинско списание.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно