Секоја година сме се поблиску до целта: Македонија да стане Мексико на балканот. Погледнете колку тони дрога е запленето во 2022 година. Одиме понатаму!
2022 година беше плодна од различни аспекти, па така и од аспектот дрога. Според информациите од МВР пред 2,5 месеци е уништено најголемо количество на дрога, околу 10 300 кг, дрога која била запленета претходниот период. Со тоа што тие открија дека во 2022 година имаат запленето околу 2,4 тони запленета дрога во вредност од околу 6 милиони евра на црниот пазар, најголем дел марихуана, но секако и хероин, кокаин, амфетамини, хашиш и околу 20 тони најразлични прекурсори, најголем дел од спречување на меѓународни транспорти.
Додека пак пријавени се околу 800 сторители. Секојдневно, секторите за внатрешни работи откриваат случаи на дистрибуција на дрога низ градовите. Во овој период сузбиени се 12 организирани кримналани групи со 51 член, а откриени се над 700 кривични дела.
Има 7 случаи на злоупотреба на контролирано производство на марихуана во правни субјекти со лиценца за производство на медицински канабис во Струмица, Охрид, Битола, Кочани, Куманово и во Струга, при што откриени се неправилности и запленети се марихуана и стебла „канабис сатива“ и за правните лица и за сторителите преземени се кривично правни мерки.
Исто така била откриена и дна лабораторија за производство на марихуана во Скопје и шест насади со марихуана во Дебар, Струмица, Штип и Битола.
Отсекогаш сме знаеле дека Македонија е плодна држава и ова го докажа тоа.
sto i da ve interesira za ovoj biznis, kulturno informirajte se kaj EL zoKe… deka taavta sto stoooo, pozadi prvata krivina vo el murtino
Коментирај анонимно